Отворен повик за пракса за 500 млади невработени лица
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Околу 500 млади невработени лица ќе добијат можност да се стекнат со практични знаења преку владината мерка за практиканство. Минисерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски денес на прес конференција го најавија новиот повик за оваа мерка, која што се реализира со средства обезбедени од Европската Унија односно од ИПА Програмата.

„Станува збор за мерка која што ја реализираме во изминатите неколку години и која што е насочена кон создавање прво работно искуство за младите лица до 29 години години, за оние со завршено средно и високо образование. Ова е одлична можност и за приватните компании, под поволни улсови да ангажираат млади невработени лица, да ги обучат во нивните работни простории и да се стекнат со првото работно искуство. Оние кои што ќе покажат најдобар квалитет, најдобра посветеност да ги ангажираат и понатаму и да ги задржа на работа. Впрочем тоа и го говорат и бројките“, потенцира Спасов и додаде дека во изминатите неколку години преку оваа мерка учествувале над 2.500 млади лица од кои што 1.590 се веќе во работен однос.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски рече дека оваа мерка е можност за младите лица да постигнат некој успех во практичната работа, односно да создадат работно искуство кое што е многу важно за понатаму во нивната работна кариера.

„Ова е една можност преку тримесечна практична работа, која што е платена од страна на АВРМ да создадат работно искуство и дел од нив се надеваме дека по завршување на тримесечната практична работа ќе стекнат можност да бида вработени во компаниите каде што се стекнале со искуството“, рече тој.

Огласот е објавен денес, а ќе трае и во следните 20 дена. Доколку има потреба, истиот ќе биде продолжен. Поповски посочи дека за овој проект најчесто се јавуваат мали, средни и големи компании

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×