Отворен повик за учество на третата летна школа „Биди банкар“
Објавено на од во Економија
Во јули годинава, третпат ќе се одржи летната школа „Биди Банкар“ на Охридска банка Сосиете Женерал отворена за студентите во завршна година на додипломски или постдипломски студии.
ohridskaОхридска банка Сосиете Женерал го отвори повикот за учество на летната школа „Биди Банкар“, која и ова лето ќе се одржи во Охрид.
Биди Банкар нуди интензивна програма составена од реална практична работа, настава, тематски предавања, работилници за студија на случај, работа во секторите на Охридска банка Сосиете Женерал, a овозможува и предавања од врвни банкари, докажани професионалци од реномирани компании, како и интеракција, забава и натпревар.
Банката,како што стои во соопштението, ја создаде летната школа „Биди Банкар“ за да понуди едно ново искуство на сите заинтересирани млади за банкарското работење, а со тоа да им овозможи практична едукација од прва рака и да ги подготви со најбараните вештини на пазарот на труд.
Во изминатите две години школата ја посетија дваесетина учесници, од кои 10 се вработени во Банката, а останатите станаа дел од реномирани компании во земјава.
Оваа година, школата ќе се одржи од 1 до 26 јули во Охрид. Трошоците за храна и престој за времетраењето на летната школа ги подмирува Охридска банка Сосиете Женерал.
Сите заинтересирани студенти кои се во завршната година од студиите можат да аплицираат на веб страницата https://bidibankar.mk/ со потполнување на онлајн форма за апликација најдоцна до 31 мај, 2019 година. По завршување на периодот за аплицирање, Банката ќе изврши тестирање на пријавените кандидати и ќе одбере 10 студенти кои ќе учествуваат на Третата летна школа „Биди Банкар“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×