Отворени 48 бизниси во земјава со грантови од Британска амбасада  
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

UKГрант до 100.000 денари добија 48 бизниси на млади и жени претприемачи од полошкиот и североисточниот дел на Македонија. Добитниците на грантовите денеска ги потпишаа договорите во рамки на Проектот за воспоставување нови бизниси во мултиенички средини поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Суада Статовиц, проект менаџер истакна дека проектот во текот на две години поддржа 48 проекти главно од земјоделскиот сектор и занаетчии. Целта е подобрување на бизнис практиките кај целните групи во регионот и обезбедување дологорочни решенија за одржлив раст и развој на бизнисите.

Поддршката е насочена во процесот на основање и развој на микробизниси, развивање соодветни производи и услуги, маркетинг на производите и услугите, како и нивно поврзување со пазарот, промоција и продажба. Овие целни групи се земени прецид затоа што процентот на вработеност на жени и млади во руралните средини е многу низок, нови работни места се отвораат многу тешко, а конкуренцијата за одредено слободено работно место е многу висока.

„ Британската амбасада е задоволна што може да ја поддржи оваа иницијатива бидејќи малите бизниси се основата на секоја економија, но и за локалната заедница бидејќи даваат основа за луѓето што живеат во заедницата, наместо да отпатуваат во странство да останат“, рече заменик-амбасадорот на Велика Британија Пол Едвардс.

Меѓу оние што својата идеја ја преточиле во бизнис се и кратовчанката Анита Стојановска која отворила своја сувенирница и Васка Ристовска Јаневски од Челопек која отворила адвокатска канцеларија со грантот од овој проект.

Тие засега се самовработени, а се надеваат дека ќе го прошират бизнисот и ќе вработат и други лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×