Ова е еден од клучевите за успех за којшто никој не ве подучува
Објавено на од во ЛИДЕРСТВО

Liderstvo, glavnaСовети од искусните професионалци

Томас Кулопулос е основач на Delphi Group, водечка светска компанија за консултантски услуги во областа на лидерството и технологијата повеќе од 20 години. Признат како еден од највлијателните менаџмент консултанти во областа, тој постојано се појавува на меѓународни настани, а автор е и на десетина книги, колумнист на престижни светски медиуми, говорник, визионер… За Inc.com Кулопулос открива која е таа „тајна состојка“ за постигнување успех во бизнисот и кариерата за којашто ретко кој ќе ви каже.

 

Постојат безброј книги за тоа како да се успее во бизнисот и сите имаат по нешто да ве научат. Од тоа како да се биде ефикасен оператор до тоа како да се биде голем иноватор, сето ова е дел од суштинската хемија што го сочинува патувањето на секој претприемач.

Меѓутоа, кога ќе се осврнам на мојот сопствен претприемачки пат, една работа се издвојува како основен клуч за успехот, која што сум ја искусил и сум имал привилегија да ја набљудувам во искуствата на другите успешни претприемачи.

Нема никаква врска со многуте конвенционални совети што ќе ги добиете за тоа како да ги ангажирате вистинските луѓе, како да соберете капитал, како ефикасно да управувате компанија, како да се усогласите со потребите на вашиот пазар или како да бидете поиновативни. Всушност, ќе одам дотаму што можам да кажам дека сите овие нешта се неопходни, но просто недоволни ако сакате да градите успех на долг во која било деловна активност, во споредба со една работа што ќе ја споделам.

Што е тоа? Па, да ѝ дадам име е многу потешко отколку да опишам за што се работи затоа што не влегува прецизно во некаква категорија. Па, дозволете ми да ви дадам еден пример.

Tomas KulopulosТомас Кулопулос, основач и директор на една од водечките менаџмент консултантски компании во светот, Delphi Group

 Никој не вели дека не можете да ги избирате сами своите ментори, но сепак многу луѓе сметаат дека им е потребна дозвола за тоа. Ако нешто може да им нанесе штета на огромното мнозинство луѓе додека се обидуваат да изградат кариера или бизнис, тоа е нивната воздржаност да побараат и да се поврзат со луѓе кои можат да отворат врати.

Зад затворени врати

Во средината на 90-тите години, имав тогаш пет години стара компанија што одлично се развиваше. За да го искористам подобро бранот на мојот успех, решив да ја напишам мојата прва книга. Тоа беше пристоен прв обид за авторство, но далеку од бестселер. Како и да е, јас бев прилично горд на себеси.

Во исто време отприлика, на пазарот се појави друга книга на слична тема. Авторите беа добро етаблирани консултанти со длабоки корени на Харвард и МИТ. Нивната книга „Реинженеринг на корпорацијата“ стана една од најпродаваните деловни книги на сите времиња. Е тоа сакав јас да бидам!

Па така, со мисла дека нема што да загубам, еден ден му напишав убаво писмо на еден од авторите, Џим, и го испратив заедно со потпишан примерок од мојата книга. Неколку недели подоцна, од Џим го добив најпријатното писмо што можев да го замислам, каде што тој ми се заблагодари за книгата со забелешка дека ќе ја чита за време на неговите патувања. Бев прилично радосен што добив личен одговор, но поради некоја причина не вратив назад.

Неколку години подоцна, низа на среќно поврзани настани доведе до моја средба со Џим околу можно партнерство со неговата компанија. По состанокот, добив повик од Џим и тој рече дека иако партнерството не би било можно во тој момент, тој е сигурен дека ќе имаме можност повторно да работиме заедно на некој начин. Можеби беше начинот на којшто тој ова ми го кажа, но за мене беше јасно дека одговорот е сепак нешто повеќе од само љубезен начин да се каже „не благодарам“.

Поминаа уште неколку месеци, и статусот на мојата компанија како една од 500-та најбрзо растечки во САД донесе многу понуди за преземање. Ми требаше некој што ја разбира нашата работа за да се обратам за совет. Му се јавив на Џим. Без двоумење се согласи да се најдеме и да разговараме.

Освен тоа што решив да продолжам да го развиваме бизнисот наместо да го продадам , Џим стана незаменлив советник и ментор во текот на следните неколку години.

На крајот на краиштата, во она што можам да го опишам само како неверојатен сплет на среќни настани, тој помогна да се подготви продажбата на мојот бизнис на технолошки гигант со промет од две милијарди долари.

Клучот

Значи, еве го моето прашање до вас. Од тоа што го прочитавте досега, кој е тој “еден клуч“ на кој се осврнав во насловот на оваа колумна? Дали тоа беше пишувањето на книгата, нејзиното испраќање до Џим, непродавањето на бизнисот од прва, имањето на одличен советник или пак конечната продажба на бизнисот? Всушност, не е ништо од горенаведените. Клучот беше врската со некој што беше расположен да ја отвори вратата за мене.

Без директна корист за себе, Џим отвори врати за мене во повеќе области отколку што можам да набројам во моментов. Се сеќавам на времето се прашував зошто ли тој беше толку подготвен да помогне кога ова беше јасно (во мојот ум барем) целосно еднострана врска, каде што јас ја добивав целата вредност.

Ако се осврнам на целокупната моја кариера, можам да истакнам десетици „Џимовци“, почнувајќи од мојот тренер по борење во средно училиште, до мојот прв шеф кој заврши всушност како мој прв венчр вложувач, до мојот прв клиент за консултации кој во основа го финансираше мојот прв бизнис, до луѓето со коишто сè уште се среќавам денес, и кои што секој на свој начин беа во можност и сакаа да ми отворат врати што никогаш не би можел да ги отворам сам.

Она што е клучно за да се разбере е дека овие луѓе не паднаа од небото, што се вели. Како што беше случај кога ја испратив мојата прва книга на Џим, мора самите да ги побарате. На крајот на краиштата, никој не вели дека не можете да ги избирате сами своите ментори, но сепак многу луѓе сметаат дека им е потребна дозвола за тоа. Ако нешто може да им нанесе штета на огромното мнозинство луѓе додека се обидуваат да изградат кариера или бизнис, тоа е нивната воздржаност да побараат и да се поврзат со луѓе кои можат да отворат врати.

Она што научив е дека сите запознаваме вакви луѓе, но не сите ја негуваме врската со нив, ја третираме со почит каква што заслужува, цениме што ги имаме овие луѓе во животот и забораваме понекогаш да им кажеме колку сме благодарни за нивната помош .

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×