Ова е Гркот поради кој се “тресе“ Европа
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Новиот грчки премиер Алексис Ципрас го објави составот на владата, во која најголемо внимание доби министерот за финансии Јанис Вароуфакис, жесток критичар на мерките за штедење, кој воедно ќе биде задолжен за преговорите со Брисел.

Инаку во новата влада, Ципрас го преполови бројот на министри од 19 на 10. Од нив четири се суперминистерства (економија, внатрешни работи, култура и здравство), а кога ќе се додат државните министри, помошните министри и државните секретари, владата ќе брои вкупно четириесетина лица.

Секако, од нив, најмногу во очи паѓа Јанис Вароуфакис, 54 годишен стручњак за политичка економија и професор по економија на Универзитетот во Тексас, некогашен советник на поранешниот премиер Јоргос Папандреу, кој е близок на Сириза, но не и нивен член.

Тој е големиот противник на мерките на штедење, кој грчкиот долг го нарекува „одвратен“, а мерките за штедење на ЕУ, финансиски пандан на методот на мачење на ЦИА. Вароуфакис воедно ќе биде првиот грчки преговарач со меѓународните кредитори.

Како што пренесува српскиот Б92, клучното место во владата му припаѓа на „случајниот и радикален“ економист Вароуфакис, кој првиот надимак (случаен) си го даде сам себе, а вториот му го дадоа медиумите. Вароуфакис е доктор по економија, британски ученик, блогер, гејмер и човек кој  би можел да ги потресе темелите на модерната Европа. Себе си се опишува како „либертаријански Марксист“.

Како што пишува британскиот Гардијан, главниот преговарач со европските кредитори и човекот кој, најпросто речено, би требало во Брисел да кажа “не сакаме  на овој начин да плаќаме“, има армија на поддржувачи на друштвените мрежи, благодарение на популарниот економски блог, кој сега забрзано го прелистуваат асистентите на сите европски лидери.

Тој на својот блог за изборна победа на Сириза напиша:

„Ќе ги уништиме грчките олигарси, ќе ги уништиме основите на кои тие со децении и децении градеа ваков систем,  мрежа која злобно ја цица енергијата и економската моќ од сите други во нашето општество“.

Двојниот државјанин на Грција и Австралија би требало, веднаш покрај Ципрас, да биде персонификација на новиот грчки курс и првата европска земја која отворено ќе се спротивстави на мерките за штедење и крутите барања на ЕУ, ММФ и ЕЦБ.

Шулц прв доаѓа во Атина

ЕУ со еднаква мерка одговори на неочекуваниот брз развој на случувања во Грција, кој се гледа во формирањето на владата за помалку од 48 часа по изборите, па како прв висок европски официјален преставник, веќе во четврток во Атина ќе пристигне претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Впечатоците од средбата со Ципрас, Шулц веќе ден подоцна ќе може да и ги пренесе на канцеларката Ангела Меркел и на францускиот претседател Франсоа Оланд.

Сепак, првиот вистински испит на двете страни се очекува во петок кога во Атина доаѓа претставникот на еврогрупата, која ја сочинуваат министрите за финансии на земјите членки на еврозоната, Јероен Дајселблум.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×