„Ова е смрт на реалноста“ – Magic Leap конечно претстави очила за виртуелна реалност
Објавено на од во hi-tech & business

Magic Leap One Creator Edition е името на првиот производ произлезен по повеќегодишниот развој во рамките на таинствениот американски стартап, Magic Leap. Досега за она што го прави оваа екипа се знаеше само дека е „револуционерно“, оти има врска со виртуелната реалност, и дека врз база на рани прототипови големи пари во Magic Leap, 1,9 милијарди долари, вложија Google, Alibaba и бројни други инвеститори.

На 20 декември на јавноста првпат ѝ беше покажан и физички производ, по неколку интересни демо-видеа за софтверот. Се работи за сет што корисникот го носи како очила, и овозможува истовремено гледање на светот околу себе (околу корисникот), и интерполација на виртуелни предмети во рамките на видното поле. Посебна технологија со светлосни полиња би требало да овозможи, како гледање на виртуелни објекти, така и интеракција со нив во трите просторни и во временската димензија. creating-with-magic-leap-372c31e0-e372-41b9-b9df-080f69f2a61e

Освен визуелното, тука е и аудио доживувањето на помешаната реалност, за ефектот да биде потполн. Сетот на Magic Leap има вграден процесор споредлив со оние на лаптопите, што му овозможува работа без да се поврзува на компјутер. Сетот што го добива купувачот вклучува „Lightwear“, односно дел за ставање на глава, што изгледа како очила; со него поврзаниот „Lightpack“, односно делот што содржи компјутер; и рачниот контролер „Control“.

Магазинот Rolling Stone ја објави првата рецензија по ексклузивното испробување на уредот, а сите останати ќе мораат за играње со новиот VR геџет да почекаат до 2018 година, за која е најавено лансирањето на верзијата за дивелопери.

Во разговор за магазинот, креативниот директор на лабораторијата за помешана реалност (MxR Lab) при Институтот за креативни технологии на Универзитетот на јужна Калифорнија, Дејвид Нелсон, вели дека ваквите технологии нѐ приближуваат до целосно нов медиум за интеракција на луѓето и на компјутерите, додавајќи оти „ова е смрт за реалноста“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×