Ова се 10 најкорумпирани политичари на сите времиња според сајтот ЛолВот
Објавено на од во Политика

Интернет сајтот ЛолВот направи листа на најкорумпираните политичари на сите времиња во светот кои, според сајтот, за време на своето владеење биле најкорумпирани и со своите постапки најмногу го ограбиле и издале својот народ, пренесува српски Телеграф.

Ова е листата:

  1. Садам Хусеин

Садам Хусеин претседаваше со Ирак од 16 јули 1979 до 9 април 2003 година, а само неколку часа пред америчката инвазија, тој и нареди на Централната банка на Ирак на неговата лична сметка да префрли милијарда долари. Според истражувањето на американскиот Сенат, Хусеин проневерил околу 21 милијарда долари од програмата нафта за храна.

  1. Слободан Милошевиќ

Втор на листата е поранешниот претседател на Југославија, Милошевиќ, кој беше и уапсен поради корупција и злоупотреба на позицијата. На судот за воени злосторства на ООН во Хаг му беше предаден под обвинение за злосторство против човештвото и илегална употреба на 2,1 милијарда долари на државни пари, но Милошевиќ умре пред да биде завршено судењето.

  1. Мобуту Секо

Претседателот на Конго Секо претседаваше со оваа држава речиси три децении од 1965 до 1997 година, а во текот на неговиот диктаторски режим, Конго во 1971 година го промени името во Заир. Тој беше познат по непотизам и чести шопинг тури во Париз и тоа на сметка на државата. На тој начин Секо проневерил меѓу 4 и 15 милијарди долари. Народот во текот на неговото владеење претрпе висока инфлација, прекумерни долгови и девалвација на валутите. Во 1991 тој ја искористи војската со цел да спречи промени, односно власта да ја дели со челниците од опозицијата. Во мај 1997 тој беше симнат од власт.

  1. Фердинанд Маркос

За време на неговата диктатура од 1965 до 1958 година филипинските долгови пораснаа од 1 на 25 милијарди долари. Тој ги користел офшор банкарските сметки со цел од државната каса да си префрла пари на своја приватна сметка. Според она што се пишуваше во медиумите, тој од државната каса украл од 5 до 10 милијарди долари. Незаконски стекнатото богатство го стекнал со преземање на големи приватни фирми, владини позајмици на пријателите и преку мито од приватните компании. Тој почина во егзил на Хаваите во 1989 година.

  1. Спиро Егњу

Од местото заменик претседател на САД, тој отстапи во 1973 година, кој сојузната порота започна со детална истрага. На почетокот тој ги одрекување обвинувањата, но подоцна во договор со Министерството за правда ја призна вината но не му се судеше за издавање на државата. Судијата го казни со 10.000 долари и три години условен затвор, но во 1983 година беше присилен да и плати на државата Мериленд 268.482 долари за мито кое го примил.

  1. Мухамед Сухарто

Режимот на овој индонезиски претседател кој владееше од 1967 до 1998 година се смета за најкорумпираниот режим во 20 век. Тој и неговата фамилија ги контролираа приватните компании и фондации. Оставка на функцијата тој поднесе по големите протести на граѓаните во Индонезија. Се проценува дека Сухарто проневерил меѓу 15 и 35 милијарди долари во текот на своето 32 годишно владеење.

  1. Ренди Дјук Канингам

Овој пилот на морнарицата во текот на Виетнамската војна, беше член на Републикацните во американските Сенат од 1991 до 2005 година, а призна дека земал најмалку 2.400.000 долари за мито како конгресмен. Со овие пари тој купил вила, стан, ролс ројс и јахта. Од должност отстапи во 2005 година која ја призна вината, а година подоцна осуден е на осум години затвор и обврска да врати 1.800.000 долари. Од затвор е пуштен во јуни 2013 година.

  1. Бад Двајер

Бад Двајер е прогласен за виновен поради земање на 300.000 долари од приватните компании во замена за четири милиони вредни државни договори. Тој беше член на Републиканците во Домот на претставниците од 1965 до 1970 година, по што премина во американскиот Сенат каде беше до 1981 година. Потоа беше назначен за благајник на Пенсилванија. Тој се уби на конференцијата за новинари на 22 јануари 1987 година.

  1. Алберто Фуджимори

Кога во јавноста излезе веста за неговата корумпираност, овој претседател на Перу замина во Јапонија. Осуден е на 7,5 години затвор за проневера, и на уште шест години за корупција и мито. Исто така му се судеше и за нарушување на човековите права, убиство и киднапирање, поради што е осуден на 25 години затвор.

10. Сани Абача

Првиот човек на Нигерија од 17 ноември 1993 до 8 јуни 1998 година, заедно со својата фамилија украл 5 милијарди државни фунти. Тој почина во 1998 година во својата вила во Абуџа од срцев удар, иако постојат непотврдени информации дека бил отруен. Американското Министерство за правда минатата година откри дека тој со својата група илегално замрзнал 458 милиони долари.

 

One thought on “Ова се 10 најкорумпирани политичари на сите времиња според сајтот ЛолВот

  1. Каков е тој распон од 3-10 или 15 милијарди? Годините на владеење не се пресметуваат од поголемат кон помалата година. Што не се пишува по овие елктронски медиуми?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×