Ова се имињата на новите заменици министри во Владата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Sobranie

Денеска на дневен ред во Собранието е изборот за заменици министри во Владата. Премиерот Зоран Заев ги објави предлозите за заменици министри потенцирајќи дека станува збор за истакнати личности, професионалци и политичари.
За заменик министер за одбрана е предложен Беким Максути, за внатрешни работи Агим Нухиу, за правда предлог е Оливер Ристовски, за надворешни работи Арта Точи, за финансии Ширете Елези, за економија Кире Наумов, за Шумарство и водостопанство предложен е Власте Димковиќ, за здравство Гоце Чакаровски, за труд и социјална политика Елми Назири, за локална самоуправа Дејан Павлевски, за заменик на министерот Алаѓозовски предложен е Владимир Лазовски, за заменик на министерот за Информатичко општество и администрација предложен е Владимир Бајдевски, за Транспорт и врски Ремзи Мехмети и за заменик министер за животна средина и просторно планирање предложен е Јани Макрадули.

“Императивот на владата е да знае дека парламентот е тој што ги креира политиките и наша должност е да го испочитуваме Парламентот кога нашето присуство овде е неопходно и а бидеме поставени на својот дел од извршноста дадена и делегирана од Собранието. Луѓето предложени овде знаат дека ќе добијат одговорна задача да ги извршуваат задачите според законите и уставот со цел подобрување на животот на сите граѓани на Македонија”, рече премиерот од собраниската говорница.

Од ВМРО-ДПМНЕ имаа забелешки дека не го намалил бројот на министри, иако ветил. Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека составот на Владата иако е голем, нема добар економски тим според него. Димовски вели дека иако Заев е економист, тој нема да има време да се посвети на економијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×