Изгубените изуми на Никола Тесла кои би го промениле светот
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

The_Fantastic_Inventions_of_Nikola_TeslaСмислата на пронаоѓачите и револуционерните изуми отсекогаш била да ја променат иднината на човековото општество. Сепак, тоа никогаш не им одговарало на сите, особено не на сите моќници од кои некои вложувале големи напори и средства да спречат промена која би можела да го загрози нивното место на врвот на социјалната пирамида.

Иако бил научник, пронаоѓач и еден од најголемите генијалци во историјата, Никола Тесла не бил исклучок. Многу негови патенти и откритија се потиснати, неостварени или заташкани, а гласините за тоа дека од ФБИ украле негови белешки и документи во голема мерка се потврдени кога неодамна се објавени доверливите документи по барање на Актот за слобода на информации. Еве некои од неговите изгубени изуми, со кои светот сигурно би изгледал поинаку ако тие биле комерцијализирани и воведени во пракса.

  1. „Teleforce“

Тесла  во триесеттите години од минатиот век тврдел дека измислил „Teleforce“ или таканаречен „воздух на смртта“. Уредот бил способен да емитува огромна количина на енергија на поставената мета и на тој начин да уништува дури и авиони и тенкови. Teleforce никогаш не е конструиран бидејќи се верувало дека ќе стане премногу лесно буквално да се уништат цели држави. Тесла тврдел дека неговиот изум може да уништи мета на повеќе од 300 километри оддалеченост и воедно да создаде „енергетски ѕид“ околу земјата со што би ја заштитил од непријатели. Големиот научник дури навел дека имало обиди за „кражба“ на овој изум, но дека крадците си заминале со „празни раце“.

  1. Осцилаторот на Тесла

Пред крајот на деветнаесеттиот век, Тесла конструирал мал осцилатор, кој кога би се прикачил за некој објект, предизвикувал ефект на земјотрес. Увидувајќи го катастрофалното влијание на таквата направа, Тесла према сопствените зборови, зел чекан и во потполност го уништил. Постојат гласини дека американската влада го користи и овој изум на Тесла во рамките на проектот  HAARP.

  1. Бесплатна електрична енергија

Со помош на финансиските средства кои ги обезбедил Џ.П. Морган, тесла ја дизајнирал „Варденклиф “ кулата, гигантски безжичен предавател кој наводно бил способен да обезбеди безжичен пренос на податоци и енергија на целата планета.   Тесла првично планирал да емитува текстуални пораки, слики и телефонски сигнал, но проектот прераснал во идеја за снабдување на целиот свет со електрична енергија. За жал, бесплатната струја не е профитабилна и Џ.П. Морган одбил да финансира промени. Проектот е напуштен 1906 година.

  1. Летечка чинија

Во 1911 година во интервју за „New York Herald“,  Тесла изјавил дека работи на летало кое ќе и пркоси на гравитацијата.
„Мојата машина нема да има ниту крила ниту пропелери. Кога ќе ја видите на земја нема ниту да претпоставите дека се работи за летало. Сепак, тој ќе лета со брзина која до сега не достигната и ќе биде многу сигурна. Исто така, ќе може да лебди во место“, изјавил тогаш Тесла.

  1. Воздушен брод

Тесла своевремено сугерирал дека „воздушни бродови“ ќе превезуваат патници од Њујорк до Лондон за три часа и ќе патуваат 13 километри над земја.  Исто така овие бродови би требало да бидат без пилотни и да црпат енергија од атмосферата. Многу сметаат дека денешните дронови се развиени врз основа на идејата на Тесла.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×