Ова се најголемите закани за светската економија
Објавено на од во Економија

world-economyВо 2016 година основните ризици за светската економија ќе бидат кризата со мигрантите и последниците од климатските промени, сметаат експертите кои учествуваа во анкетата направена за целите за извештајот на Светскиот економски форум.

Светската економија ќе се соочи со многу ризици, покажува годишниот извшетај на Светскиот економски форум „Закани по глобалната економија за 2016“, кој е објавен во четвртокот.

Овој извештај е резултат на анкетата во која учествуваа 750 експерти од разни земји.

Во документот се наведува дека ризиците на кои предупредуваат аналитичарите „почнуваат да се појавуваат во нов, неочекуван формат, а нивните последици се неизбежни за луѓето, организациите и економиите“.

Најактуелен проблем во новата година ќе биде масовната миграција, сметаат тие.

Меѓу петте најверојатни ризици се и екстремните временски непогоди, последиците од климатските промени, меѓународните судири и големите природни катастрофи.

Интересно е што по прв пат, како ризик кој ќе носи најопасни ризици во наредните десет години, е наведен проблемот со климатските промени.

Според мислењата на експертите, најопасниот ризик за светската економија се и оружјето за масовно уништување, кризата со водоснабдувањето, масовната принуда на мигрирање и варирање на цените на енергенси.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×