Оваа недела се одржува католичкиот самит во Ватикан
Објавено на од во Uncategorized

 Папата испрати јасна порака по отстранувањето на кардиналот Теодор МекКарник овој викенд.

636650919210021614-theodore-mccarrick-062018-2

Повеќе од 100 постари католички бискупи ширум светот оваа недела ќе се соберат на 4 дневен самит во Ватикан каде ќе се разговара за сексуалните злосторства кои се извршуваат внатре во оваа црква.

Папата Францис е првиот голем поборник за расчистување на случајот со деценискиот долг скандал кој низ годините срамно се премолчуваше. Прашањето е зошто баш сега, ако за тоа се знае долго време? Одговорот ќе го побараме оваа недела почнувајќи од четврток.

На Самитот има големи очекувања од јавноста дека конечно ќе се изнесат јасни начела во врска со овој скандал, но Ватикан не сака да се крева многу прашина околу тоа дека главната тема ќе биде таа.

Но по отстранувањето на кардиналот Теодор МекКарник овој викенд, еден од најпроминентните фигури на црквата, се затемелија очекувањата за добар исход од овој самит .

Во Рим се поканети 115 претседатели на конференции за бискупи, епископи од христијанската црква како и 10 претставници од женските религиозни редови.

Пред самитот бискупите биле принудени да се сретнат со прежиевеаните жртви од сексуалното насилство во своите земји. И тие ќе учествуваат оваа недела сведочејќи за настаните на дневните места за молитва.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×