Пад на акциите во декември и почеток на рецесија во мај, предвидуваат економски експерти
Објавено на од во Економија
Во писмото до своите клиенти, Бери Банистер, раководител на стратегијата за институционален капитал на Стифел. предупредува дека е можно да се забележи сериозен пад на акциите во декември, како и почеток на рецесија во мај следната година.
Declining economy, financial bankruptcy, sluggish stock market with world mapПо овие негативни настани, експертот предвидува „опасен“ пазар на кој индексот S&P 500 ќе донесе нула поврат за инвеститорите во следните пет години.
Според Банистер, проценката на акциите се многу високи и може да забележиме нула поврат за широкиот американски S&P 500 во текот на следните пет години. И инвеститорите сè повеќе гледаат на вакви сценарија, особено откако кривата на каматните стапки во САД повторно потона пред неколку недели.
Како сигнал за претстојната рецесија, Банистер ја користи не само „превртената крива на каматните стапки“, туку поточниот, како што рече тој, индикатор, 50-дневната движечки просек, која се шири помеѓу 3-месечни и 10-годишни обврзници. Негативната вредност на овој индикатор правилно ја предвиде секоја рецесија во последните 50 години – без ниту една грешка.
Финансискиот експерт посочува дека овие инверзии на кривата на принос беа проследени прилично брзо со пад на профитот за компаниите од S&P 500.
И пресвртот на кривата на неговата каматна стапка се случува на 20 јуни. Неговите проекции за временски распоред на пазарот и рецесија се засноваат на историски просеци за она што се случи по време на претходните падови.
„Ако се појави рецесија во мај 2020 година, тогаш акциите може да паднат во декември 2019 година, врз основа на стандардното време на почетокот на рецесијата“, напиша Банистер.
Исто така, рече тој, ќе забележиме просечен пад од 26% во профитот на компаниите во поширокиот индекс S&P500 и 32% намалување на самиот индекс.
Комбинацијата на ниски каматни стапки и откупот на акции ги доведе вредностите на акциите на многу високи нивоа, оставајќи малку простор за профит во наредните години, рече експертот.
S&P500 е на врвот од опсегот обезбеден од нашиот 10-годишен модел на ценовни опсези“, пишува тој. „S&P500 е преценет со близу 0%  годишна повратност за пет години, помеѓу второто тримесечје на 2019 година и вториот квартал на 2024 година, засновано на предвидената заработка“, напиша Банистер.
Експертот не е сам во своите предупредувања за ниските приноси во инднина. Инвеститорите треба да ги променат своите очекувања за повратот што очекуваат да го имаат восвоето портфолио, според Лори Хајнел, заменик-главен директор за инвестиции во „State Street Global Advisors“ – третиот најголем менаџер на средства во светот.
Според Хагнал, каматните стапки може да останат структурно ниски во текот на следните години. И ова го прави императив за инвеститорите да ги намалат очекувањата за тоа како треба да изгледа пресвртот на пзарот.
Инвеститорите на пазарот на обврзници доведоа до намалени приноси поради барањето на прибежиште поради геополитичките превирања.
Од другата страна н ваквите тврдења, „State Street“ смета дека каматните стапки се приближуваат до историски ниски цени, бидејќи пазарите се прилагодуваат кон реалноста за да се запази економскиот раст низок, дури и при намалување на опасностите од рецесија.
Покрај тоа, расходите за заеми можат да паднат уште пониски доколку стравот од рецесија се засили. Светот со пониски каматни стапки има далеку поголеми импликации отколку што очекуваат инвеститорите во моментов.
Средната точка на пониските стапки, исто така, укажува на тоа дека избалансираното портфолио што содржи капитал и фиксен приход веројатно нема да доведе до едноцифрен поврат што преовладуваше во минатото, според Лори Хајнел.
„Дури и кога додавате активно управувани и неликвидни средства, оваа пракса од минатото нема да биде остварлива, затоа што на крајот сето тоа започнува од градежниот блок на активи без ризик“, рече таа за Business Insider во неодамнешното интервју.
Прашањето за менаџерите на пари, според Хајнтел, е како да ги прилагодат своите клиенти во новиот свет каде што повратот веројатно ќе биде помал.
Одговорот вклучува наоѓање на највисок квалитет на средства кои обезбедуваат пристоен поврат, дури и ако избалансираното портфолио на крајот дава помалку од она на што се навикнати инвеститорите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×