Пад на довербата помеѓу ЕУ и САД поради царините на челик и алуминиум
Објавено на од во Економија
Германскиот бизнис се надева дека трговскиот спор меѓу САД и ЕУ ќе продолжи да се ублажува, пренесе ДПА, цитиран од агенциите.
еу сад“Во последниве месеци беше изгубена многу од довербата меѓу ЕУ и САД”, изјави вчера шефот на германската индустриска асоцијација (BDI) Дитер Кемпф за време на посетата на министерот за економија на Германија Петер Алтмајер на Вашингтон.
Според Кемпф, добро е што Алтмајер бара дијалог со американската влада.
“Наместо постојани закани за нови царини од Вашингтон ние имаме потреба од преговори за трансатлантскиот трговски договор”, изјави тој, додавајќи дека САД и ЕУ треба уште еднаш да се фокусираат на решавање на прашањата.
Претседателот на Германската индустриска асоцијација рече дека Алтмајер мора да објасни на своите политички состаноци дека увозот на ЕУ не претставува закана за националната безбедност на САД.
“Специјалните американски царини врз челикот и алуминиумот од Европа треба да бидат отстранети. Комплетен апсурд е да се тврди дека возилата и деловите за нив од ЕУ се ризик за американската национална безбедност”, рече Кемпф.
Според него, нема победници во трговските конфликти, а претседателот Доналд Трамп на крајот им штети на и на САД со својата трговска политика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×