Пад на пазарот на паметни часовници поради смена на генерациите
Објавено на од во hi-tech & business

Пад на испораката на паметни часовници од 51,6% на годишно ниво, со 5,6 милиони испорачани примероци во тек на третиот квартал лани, на овогодишните 2,7 милиони парчиња. Ова го покажуваат новите резултати што ги објави компанијата IDC (International Data Corporation) за пазарот на паметни часовници во тек на третиот квартал од оваа година.

Во IDC сметаат дека овие резултати се поради смената на генерациите, бидејќи втората генерација на Apple Watch на пазарот беше достапна одвај во двете последни седмици на третиот квартал, додека третата генерација на Galaxy Gear на Samsung уште не е официјално достапна.

Apple води во категоријата со пазарен удел од 41,3%, и покрај вториот најголем забележан пад на испораките меѓу водечките пет производители (1,1 милиони испорачани паметни часовници).

Втор е Garmin со пазарен удел од 20,5% и раст на испораките на годишно ниво од дури 324,2%, најмногу поради фактот што главно се концентрира на часовници за следење на здравјето на корисниците или се специјализирани за фитнес.

Трет е Samsung со пазарен удел од 14,4% и раст од 9% на годишно ниво (400 илјади испорачани паметни часовници).

Lenovo има удел од 3,4% (годишен пад од дури 73,3%), а Pebble држи 3,2% од пазарот (со пад на испораките на годишно ниво од 27,2%).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×