Паѓањето на Шенген може да ја чини ЕУ 1.400 милијарди евра во следната декада
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Распаѓањето на Шенген зоната би ја чинело Европската унија до илјада и четиристотини милијарди евра за следното десетлетие, покажало истражувањето на германската фондација Bertelsmann.

Според ова истражување, при најлошото сценарио – враќање на граничните контроли, цените за увоз ќе се зголемат за три проценти и расходите само за Германија ќе бидат до 235 милијарди евра меѓу 2015 и 2025 година, а за Франција до 244 милијарди.

И минималното покачување за увозот, од 1%, би значело загуба од 470 милијарди евра за ЕУ во истиот период.  Цената ќе скокне до илјада и четиристотини милијарди евра, или 10% од годишниот БДП на 28-члениот блок ако се оствари понегативното сценарио, со посериозно поскапување на преносот на стоки.

„Ако граничните проверки бидат вратени во Европа, веќе забавениот раст ќе биде ставен под дополнителен притисок“, е коментар на претседателот на Bertelsmann, Арт Де Геус.

Шенген постои 30 години и во него членуваат 26 држави, од кои 22 се членки на ЕУ. Системот на слободно движење сега е под сериозен притисок поради огромниот прилив на имигранти. За да контролираат кој им ги минува границите, некои Шенген држави ги вратија граничните проверки последниве месеци, што испровоцира стравувања дека системот можеби нема да продолжи да постои.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×