Пакистан се подготвува да “извезува” повеќе од половина милион работници во Романија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Пакистан е подготвен да испрати до 500.000 работници во Романија за да бидат вработени во различни сектори во европската земја.
labour romaniaОва го велат пакистанските медиуми по состанокот помеѓу романскиот амбасадор Николај Гоја и Суец Зулфикар Абас Бухари, советник на пакистанскиот премиер за прашања на пазарот на трудот.
Според Асошиетед прес на Пакистан, луѓето ќе бидат вработени во различни сектори, како што се градежништвото, здравството, информатичката технологија и други.
Исто така, Романија има потреба од значителен број возачи, па повеќе од 40.000 возачи ќе бидат испратени заедно со други работници во земјата.
“Романија е подготвена да „увезе“ повеќе од половина милион пакистански работници до 2020 година поради недостиг на локалните пазари на труд”, пишува романското издание на бизнис ривју.
Ова не е прв обид на Букурешт да привлече работна сила од странство. Земјата неодамна потпиша меморандум со Виетнам за привлекување луѓе од земјата да работат во Романија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×