Палмер денеска во Скопје на средби со Заев и Димитров
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

palmerМетју Палмер, заменик-помошникот државен секретар на САД, денеска ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција.

„Палмер ќе пристигне во Македонија на 22 октомври за да разговара за поддршката на САД за преспанскиот договор и важноста на напредокот на македонската реформска агенда”, соопшти амбасадата на САД во Македонија.

Палмер во Македонија доаѓа по посетата на Србија, каде што учествуваше на Белградскиот безбедносен форум.

Предвидено е Палмер да се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а во 18 часот, по средбата со премиерот Зоран Заев, заедно ќе одржат конференција за медиумите во Владата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×