Пандемијата се пролонгира со продолжено дејство врз светската економија
Објавено на од во МАГАЗИН

Glavna fotka пРасте песимизмот

Како што се пролонгира пандемијата, продолжено дејство имаат и негативните последици врз економијата. Во отсуство на ефикасна терапија или вакцина, а при налет на голем втор бран на ширење на коронавирусот во многу земји во светот порано од очекуваното, меѓународните финансиски институции станаа уште поголеми песимисти за движењето на економијата годинава. Меѓународниот монетарен фонд, штотуку се премисли, и од првичната прогноза за рецесија на светската економија од 3%, сега проценува пад на економијата од дури 4,9% годинава, но закрепнување со раст од 5,4% догодина.

 

Како што се пролонгира пандемијата, продолжено дејство имаат и негативните последици врз економијата. Во отсуство на ефикасна терапија или вакцина, а при налет на голем втор бран на ширење на коронавирусот во многу земји во светот порано од очекуваното, меѓународните финансиски институции станаа уште поголеми песимисти за движењето на економијата годинава.
Меѓународниот монетарен фонд, штотуку се премисли, и од првичната прогноза за рецесија на светската економија од 3%, сега проценува пад на економијата од дури 4,9% годинава, но закрепнување со раст од 5,4% догодина.
Образложувајќи ги последиците од пандемијата врз економијата, главниот економист на ММФ, Гита Гопинат, истакна дека штетите глобално, сега се проценуваат на 12 и пол илјади милијарди долари.
„Голем степен на неизвесност ја опкружува оваа прогноза, со нагорни и надолни ризици. Во нагорна линија, добра вест за вакцини и третмани и дополнителна поддршка на политиките може да доведе до побрзо закрепнување. Во надолна линија, понатамошните бранови на инфекции можат да ја намалат зголемената мобилност и трошење, и брзо да ги заостри финансиските услови, предизвикувајќи проблеми со долгот. Геополитичките и трговските тензии би можеле да ги оштетат кревките глобални односи во време кога се предвидува трговија да падне за околу 12%“, истакна Гопинат.
ММФ уште еднаш ја истакна важноста на земјите да ги ублажат последиците од пандемијата врз економијата, првенствено преку зајакнување на здравствените системи за да се пружи на граѓаните максимална здравствена заштита од вирусот, но и на оние што ги загубија работните места во оваа криза.
„Со оглед на огромната неизвесност, креаторите на политиките треба да останат будни и политиките ќе треба да се прилагодат додека ситуацијата се развива. Значителната заедничка поддршка од фискалната и монетарната политика мора да продолжи, особено во земјите каде што се очекува инфлацијата да остане ниска. Во исто време, земјите треба да обезбедат соодветно фискално водење на финансиите и транспарентност, и дека независноста на монетарната политика е одржана. Приоритет за земјите е да се справат со здравствените ризици дури и кога повторно ќе се отворат. Ова бара континуирано градење на здравствен капацитет, распространето тестирање, следење, изолација и практикување безбедно растојание. Овие мерки помагаат да се запре вирусот, да се увери јавноста дека со нови епидемии може да се решат правилно и да се минимизираат економските нарушувања. Меѓународната заедница мора дополнително да ги прошири финансиската помош и експертиза во земји со ограничен капацитет за здравствена заштита. Треба да се направи повеќе за да се обезбеди соодветно и достапно производство и дистрибуција на вакцини и третмани кога ќе станат достапни. Во земји каде активностите се строго ограничени од здравствената криза, луѓето директно погодени треба да добиваат парична поддршка преку осигурување на невработеност и трансфер на готовина, а фирмите погодени треба да бидат поддржани преку заеми, гарантни гаранции и грантови“, изјави главниот економист на ММФ, Гита Гопинат.
Pandemija-4ЕЦБ: економијата на ЕУ ќе падне за 8,7%
Во Европа, исто така се прават надолни промени на проекциите. Европската централна банка прогнозира дека економијата на Стариот континент годинава ќе падне дури 8,7%.
„Влезните информации потврдуваат дека економијата во еврозоната доживува невидена контракција. Постои нагло опаѓање на економската активност како резултат на пандемијата на коронавирус (КОВИД-19) и мерките за нејзино запирање. Значителната загуба на работни места и приходи и исклучително зголемената неизвесност за економскиот изглед, доведоа до значителен пад на потрошувачката и инвестициите. Додека податоците од анкетата и сегашните индикатори покажаа некои знаци на одлепување од дното, заедно со постепеното олеснување на мерките за запирање, подобрувањето е забрзано во споредба со брзината со која индикаторите паднаа во претходните два месеци. Јунските макроекономски проекции на Евросистемот покажуваат дека растот бележи пад со невидено темпо во второто тримесечје од оваа година, пред повторно да закрепне во втората половина, главно поттикнат со значителната поддршка од фискалната и монетарната политика. Како и да е, проекциите претрпуваат значителна надолна ревизија, како за нивото на економската активност и за движењето на инфлацијата во текот на целиот период на проекцијата, иако основата е опкружена со исклучителен степен на неизвесност“, изјави Кристин Лагард, претседателка на ЕЦБ.
Таа рече дека освен преку монетарната полтика, односно улогата на централните банки да го олеснат пристапот до кредити за фирмите, клучна е и улогата на владите преку фискалната политика, односно преку јавните финансии.
„Во однос на фискалните политики, амбициозниот и координиран фискален став останува клучен, со оглед на острата контракција во економијата на еврозоната. Преземените мерки треба што е можно повеќе да бидат насочени и привремени по природа, како одговор на итни случаи во случај на пандемија. Трите безбедносни мрежи, одобрени од Европскиот совет за работници, во вредност од 540 милијарди евра, обезбедуваат важна поддршка за финансирање во овој контекст. Во исто време, Управниот совет повикува на натамошни силни и навремени напори за подготовка и поддршка на закрепнувањето. Затоа, ние силно го поздравуваме предлогот на Европската комисија за план за опоравување, посветен на поддршка на регионите и секторите кои се најтешко погодени од пандемијата, за зајакнување на единствениот пазар и за градење трајно и просперитетно закрепнување“, истакна Лагард.
Сите “се крстат“ во вакцината
Во Македонија, Народната банка иако се уште не ги конкретизира своите попесимистички очекувања во бројки, ги истакна своте стравувања во врска со движењето на македонската економија. Во последното соопштение од централната банка објаснуваат дека минималниот раст на економијата од само 0,2% во првиот квартал бил под нивните првични очекувања, а ризиците за остатокот од годината сега се уште поизразени. Засега, проекцијата останува рецесија со пад на БДП од 3,5%.
„Ризиците во поглед на проекциите се изразено надолни, а неизвесноста е понагласена од кога било досега. Главниот надолен ризик се однесува на евентуалното подолго времетраење на пандемијата, појавата на втор бран на инфекцијата и повторното затегнување на мерките за спречување на ширењето на вирусот“, се вели во извештајот на НБМ.
Како останати негативни ризици се наведуваат можноста за прераснување на глобалната здравствена и економска криза во финансиска, можноста за подолготрајно нарушување на довербата на економските субјекти за потрошувачка и инвестиции, можното забавување на глобалните синџири на снабдување, повторната ескалација на трговските тензии меѓу земјите, подолготрајното намалување на цените на примарните производи, како и појавата на социјални немири во одредени региони во светот.
А единствената позитивна работа што може да се случи, е да се најде вакцина, и пандемијата да заврши порано.
„Од друга страна, можноста за завршување на пандемијата порано од очекуваното, како резултат на побрзото пронаоѓање на вакцина против корона-вирусот, претставува единствен позитивен ризик за глобалниот економски раст“, велат од НБМ.
Во однос на економските движења во еврозоната, како наш најголем трговски партнер, во првиот квартал на 2020 година беше остварен годишен пад на БДП од 3,1%, а квартален од 3,6%, наспроти годишниот раст од 1% во претходниот квартал.
Првичните податоци за пазарот на труд во еврозоната, пак, упатуваат на неповолни поместувања, бидејќи стапката на невработеност во април се зголеми на 7,3%. На редовниот состанок во јуни, ЕЦБ уште повеќе ја олабави монетарна политика, со цел да се придонесе за подобрување на условите за финансирање на реалната економија.
Za vnatre fotkaСе очекуваат понатамошни негативни ефекти од пандемијата врз домашната економија
Гледано низ призмата на македонската економија, проекциите за странската ефективна побарувачка се ревидирани надолу. Најновите проекции за примарните производи на светските берзи и натаму упатуваат на пад на нивните цени.
„Растот на економската активност значително забави во првиот квартал на 2020 година и изнесуваше 0,2% на годишна основа, наспроти растот од 3,4% во претходниот квартал. Остварувањата се послаби и од очекуваната динамика на раст за првото тримесечје согласно со априлските проекции. Случувањата поврзани со новата вирусна инфекција во глобални рамки и нејзиното ширење во домашната економија, како и мерките коишто беа преземени за спречување на нејзиното ширење, во текот на март, доведоа до влошување на деловната активност, што е видливо кај поголем дел од економските дејности. Тоа се одрази и врз довербата и очекувањата на фирмите, поради што изостана очекуваниот раст кај бруто инвестициите, а нивниот мал пад во најголем дел придонесува за послабата домашна побарувачка. Кризата го забави и растот на личната потрошувачка во првиот квартал“, се вели во месечната информација на централната банка.
За вториот квартал, нашите монетарни власти велат дека се очекуваат натамошни понагласени негативни ефекти од здравствената криза врз економијата. Изразено се продлабочува падот на индустриското производство, како и на прометот во трговијата.
И натаму има и голема неизвесност околу идното движење на светските цени на примарните производи, поврзано со времетраењето на пандемијата.
„Од расположивите податоци веќе се согледува позначително негативно влијание врз домашната економија од ширењето на вирусот КОВИД-19, во согласност со очекувањата дека негативните ефекти ќе бидат најсилни во април, со постепено закрепнување во преостанатиот дел од вториот квартал“, се вели во извештајот.
Од Народна банка информираат дека во април вкупните депозити се задржале на речиси исто ниво како и во претходниот месец. Притоа, штедните влогови на домаќинствата имале месечен раст, а малку паднале депозитите на фирмите. Она што и се очекуваше, во април се зголемиле штедните влогови што се чуваат во странска валута, а имало умерен пад на депозитите во денари.
Кога станува збор за кредитирањето, пак, во април вкупните кредити на приватниот сектор се зголемиле за само 0,2%, и притоа пораснало кредитирањето на фирмите, а се намалиле заемите на домаќинствата.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×