Панел-диксусија за недостигот од стручен кадар на пазарот на труд
Објавено на од во Економија
Во организација на Стопанската комора на Македонија денеска, во 11 часот во просториите на СКМ, ќе се одржи панел-диксусија посветена на прашањата за недостигот од стручен кадар, причините за тоа, како и предлог-решенијата кои би можеле да помогнат за подобрување на состојбите во оваа област.
rabotna-sila„Актуелните состојби поврзани со пазарот на труд долгорочно не гарантираат работна сила која може да одговори на потребите на македонските фирми. Постои неусогласеност на вештините и компетенциите на понудата со побарувачката на работна сила, образованието е нефлексибилно во однос на потребите на бизнисот, а миграциската политика и одливот на кадар од државата дополнително придонесуваат за недостиг на стручен кадар по мерка на бизниост“, оценуваат од Стопанската комора на Македонија.
На панел-дискусијата што ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Македонија, ќе учествуваат Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, проф. д-р Никица Мојсовска Блажевски од „Македонија 2025“, Ирена Јакимовска од „Комфи Ангел“ Прилеп, и други еминентни претставници на бизнис-заедницата и стручната јавност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×