Папандреу би коалицирал со Ципрас!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу објави дека е подготвен да соработува со веројатниот победник на предвремените парламентрани избори во Грција, Алексис Ципрас, само доколку Сириза се согласи да биде одржан референдум за реформските политики.

Според аналитичарите, поранешниот премиер, кој пред три години се раздели од ПАСОК (Панхеленското социјалистичко движење), партија која пред четири децении ја формираше неговиот татко,  и ја формира новата партија Движење на демократските социјалисти, со новата партија се обидува да направи камбек на политичката сцена.

Според нив неговата партија може да игра значаен фактор по изборите во недела, но само доколку успеа да го помине прагот од 3%, што е потребен да влезе во Парламентот. Но последните анкети во Грција покажуваат дека рејтингот на оваа партија во моментот е се уште на самата граница, нешто под потребните три проценти.

За сега, лидерот на СИРИЗА, пак, Алексис Ципрас тврди дека не размислува да прави коалиција со ниту една друга партија, освен со Комунистите, но аналитичарите очекуваат дека Ципрас ќе ги омекне ставовите доколку не успее да го добие потребното мнозинство за да создаде влада.

Само за потсетување Папандреу, беше премиер меѓу 2009 и 2011 година, и е од третата генерација на најугледната политичка династија во Грција. Инаку Папандреу важи за про- европски и про- реформски настроен, и се очекува да има влијание на радикалната реторика на СИРИЗА, доколку дојде до коалиција.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×