Папата ја започна турнејата во САД: Од аеродромот до Вашингтон се возеше со стар Фиат 500Л
Објавено на од во Политика

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Францис пристига на воздухопловната база Ендрус кај Вашингтон каде што беше пречекан од американскиот претседател Барак Обама, потпретседателот Џо Бајден и нивните сопруги.

Откако по црвениот тепих се поздрави со претседателот Обама, 78 годишниот Аргентинец наместо со лимузина, до Вашингтон се возеше со скромен Фиат автомобил.

Понтифот во САД доаѓа откако ја заврши посетата во Куба. Тој ќе биде во шестдневна посета на САД и предвидено е да посети три градови, а во Њујорк ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации.

Папата се смета за силен критичар на капитализмот, но тој потенцира дека би било погрешно да се заклучи дека неговите грижи за економската неправда го прават левичар.

„Можеби објаснувањата наведуваат на импресија дека сум помалку левичар но тоа е погрешен заклучок“, им изјави Францис на новинарите.

Според него, неговите учења за економска еднаквост и за климатските промени „се во согласност со доктрините на Црквата“ .

За време на оваа посета Папата Фрацис ќе одржи говор и во Конгресот на САД, што е всушност прв пат папа да се обрати пред оваа асамблеја.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×