Парите не се клучни за да се задржат вработените
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Интервју со Роберт Хоган,  експерт за лидерство и организациска ефикасност

robert_hogan 2

 

Роберт Хоган е експерт за лидерство и организациска ефикасност. Тој е познат по иновациите на полето на тестирање на лични карактеристики кај луѓето, а меѓу клиентите во неговата компанија, се најсилните компании од над дваесет земји до светот, меѓу кои и многу од листата најголеми на Fortune 500.

 

 

Американскиот психолог др. Робер Хоган, еден од најголемите светски авторитети за проценка на личните карактеристики, лидерство и организациска ефикасност, на 15 мај 2015 во Загреб одржа предавање на тема – Пресудувања и одлучувања. Хоган е познат по иновации на полето на тестирање на личните карактеристики, со што, меѓу другото, се занимава и компанијата Hogan Assesments, која тој ја основа. Меѓу клиентите на оваа компанија спаѓаат најјаките компании од дваесет земји од светот, меѓу кои и многу од листата Fortune 500.
Роберт Хоган при својата неодамнешна посета во Загреб даде интервју за порталот Stretego.hr. кое го пренесуваме во целост.

 Интегритет, компетенција, расудување и визија се најважните карактеристики кои следбениците ги бараат во лидерите.

Хоган докторираше на Беркли, а долг период беше на чело на катедрата за психологија на Универзитетот во Тусла, по што предаваше психологија и социјални односи на Универзитетот Johns Hopkins. Неговите тестирање се реткост во полетот на лидерството по тоа што се научно втемелени и имаат цврста теориска база.

Последните години најмногу внимание предизвика неговото истражување на тема мрачните страни на карактеристиките на  менаџерите и вработените. Станува збор за потенцијал со кој одредени позитивни карактеристики, на основа на силен стрес,  преминуваат во екстремен, негативен облик. Пример, природно скептичен манаџер, што инаку се смета за добра карактеристика, под стрес може да стане претерано сомнителен и постојано да се расправа.

Вашите истражување за мрачните страни кај луѓето се фасцинантни и вашиот веб повикува да се помине повеќе време во однос на оваа тема. Како можеме да спречиме, оваа мрачна страна, да не превладее кога сме под стрес на работа?

-Овде важни се две работи. Прво, мора да бидете свесни за вашите тенденции кон мрачните страни. Второ, треба да ги прашате другите луѓе да ви дадат повратна информација за вашето однесување кога ја манифестирате таа мрачна страна и така да научете да препознавате што е она што ве прави такви.

Можеме ли воопшто да ја надвладееме таа мрачна карактеристика? Можеме ли да ја поправиме, ако се спознаеме какви сме?

-Можете да го промените вашето однесување, но не можете да ги промените вашите втемелени тенденции и желби. Само ќе работите спротивно до своите фундаментални импулси.

Многу слушаме за добро лидерство. Како виe би го дефинирале доброто лидерство?

-Доброто лидерство е способност на формирање и водење на тим со голема ефикасност.

Кои се најважни особини на лидерите?

Интегритет, компетенција, расудување и визија. Студиите покажуваат дека тоа се најважните карактеристики кои следбениците ги бараат во лидерите.

Како организацијата може да ги задржи своите најдобри работници? Повеќе истражувања покажуваат дека парите не се одговор на ова прашање.

-Во право сте. Работата е во ангажираноста, односно тие мора да имаат позитивен однос со вработените. Да направите лидерите да бидат ангажирани е клучот на задржувањето.

Вашата компанија работи со многу различни глобални клиенти, од САД до компании во Кина, дури дел од нив се од листата Fortune 500. Како се прилагодувате спрема нивните потреби, и постои ли заеднички именител кој ги поврзува?

-Начинот на кој ги мериме карактеристиките е глобално конзистентен, како што се и особините кои ве прават лидер и успешен. Меѓутоа, одредени однесувања различно се перципираат во различни култури, па затоа силно се трудиме културно и лингвистички да се прилагодиме во нашите проценки и извештаи. Гледаме дека и културите имаат некакви разлики во вредностите. Блиску соработуваме со партнерите на терен со цел да се осигуриме дека сме локално релевантни. Односно, мислиме глобално, а делуваме локално.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×