Парламентот има променет состав по локалните избори
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

На првата собраниска седница по локалните избори претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе ги информира народните пратеници дека Чедомир Саздовски ќе функционира како независен пратеник. По локалните избори се очекува собранискиот состав да претрпи одредени промени имајќи ги предвид оставките на двајца кандидати за градоначалници од албанскиот блок, но и изборот на неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство за градоначалници.

По вториот круг на локалните избори ќе се знае колку нови пратеници ќе има Собранието, но и бројот и составот на пратеничките групи, имајќи предвид дека Саздовски беше дел од една од десетте пратенички групи од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Саздовски вчера го информирал претседателот на Собранието Џафери, дека веќе нема да биде претставник на ГРОМ во Парламентот туку оти ќе биде независен пратеник.

По првиот круг на локалните избори, пак, извесно е дека членови на пратеничката група на СДСМ повеќе нема да бидат Петре Шилегов, кој стана градоначалник на Град Скопје, Стефан Богоев кој победи во скопската општина Карпош, Сашо Поцков кој е нов градоначалник на Гевгелија и Максим Димитриевски, кој е избран за прв човек на Куманово.

Меѓу пратениците кои ќе бараат глас за градоначалник во вториот круг од локалните избори се и пратениците Бетиане Китев, Благој Бочварски и Курто Дудуш од СДСМ и Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Оставки на пратеничките функции пред изборите поднесоа и пратениците Бардиљ Даути од ДПА и Билал Касами од Беса, кои се кандидираа за градоначалници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×