Парламентот се распушти, избори на 11 декември
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Македонскиот парламент  попладнево ја донесе одлуката за негово распуштање. За одлуката гласаа 110 пратеници, немаше против и воздржан. Парламентарните избори се закажани за 11 декември. 

parla

Собранието денеска претходно го донесе Буџетот за 2017 година, со што се создаде услов за распуштање на овој парламентарен  состав.

Пред почетокот на расправата за распуштање, пратениците ги избраа Дејан Бошковски и Енвер Елмази за членови на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

Собранието ги донесе и измените и дополнувањата на Законот за банките, на Законот за иновациска дејност и програмата за одбележување јубилејни годишнини за значајни настани и личности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×