Партиите преговараат како да ги доослободат медиумите, откако се согласија веќе да не им бидат донатори
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Откако минатата недела партиите конечно се договорија за преодната влада, денес Работната група продолжува со преговорите за реформа во медиумите. Иако за претходните прашања за кои се преговараше во последните неколку месеци. резултатите беа врзани со рокови, за реформите во медиумите, Договорот од Пржино не дава точен датум до кога треба да се оечкува измените да бидат договорени.

Досега, беше договорено само дека медиумите веќе неможат да бидат донатори во изборните кампањи. За следните реформи, до прва ќе се преговара.

Инаку, до пред партиите да ја утврдат оваа битна измена, над 90% од трошоците на партиите за избори одеа на реклами и пропаганда, поради што медиумите/телевизиите во финансиските извештаи на партиите за изборите се јавуваа како најголеми донатори. Ова поради тоа што телевизиите на одредени партии во четири очи им нудеа рекламирање по цена 90% пониска од објавената во официјалниот ценовник, а ваквиот попуст Изборниот законик бараше да се смета како донација на конкретната партија.

Извесно влијание на независноста на медиумите, што е главната цел на преговорите што денес почнуваат, секако ќе има забраната тие да се јавуваат како донатори во кампањата, зашто сега партиите ќе бидат рамноправно третирани од страна на медиумите – сите партии ќе мораат по пазарна цена да си платат колку што сакаат да се рекламираат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×