Партија шах помеѓу Врховен суд и СЈО – правдата ќе страда!
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Јавноста очекува одлука на СЈО. Дали ќе крене раце од сизифоовскиот напор да се врати начелото на казнивост и одговорност во „правната“ држава, или ќе активира повеќе бомби чиј одек ќе го замолчи хорот од Врховен суд, предводен од Вангеловски.

СЈО

Зад затворени врати, Врховен суд одлучи СЈО да не може да поднесува обвиненија. Во долуката на Врховен се објаснува дека по истекот на рокот од 18 месеци од добивањето на предметите и прислушуваните материјали, СЈО веќе не е овластен тужител за истражни и предистражни дејствија предвидени со законот за кривична постапка.

Одлуката Врховниот суд ја донесе по поднесената иницијатива од адвокатите, Еленко Миланов и Боро Тасевски, кои се бранители во неколку случаи .

Миланов смета дека Одлуката ќе треба да стапи веднаш на сила. Ова ги става под знак прашалник 18-те истраги на СЈО и две поднесени обвиненија од јуни 2017. Две од нив се „Попис“ и „Пациент“, а според адвокатот иницијатор, предметот „Империја“ има најголема добивка, а рече и дека одлуката ќе важи и за предметот “Талир 2“, а додаде дека би требало да важи и за „Талир 1“.

Во СЈО владее разочарување од опасните игри на највисоката судска власт.

„Првин нè оставија да работиме 2 години, за на крајот да ни кажат дека всушност, не требало да работиме“, велат обвинителите во СЈО.

Јанева сѐ уште нема коментар за одлуката на Врховниот суд да им ги забрани сите поведени истраги по поднесените обвиненија на 30 јуни 2017.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески. Тој во изјава за СДК.мк вели дека „Со одлуката на општата седница на Врховниот суд да ги оспори поведените и завршените истраги на Специјалното јавно обвинителство, владеењето на правото се врати 10 години наназад“.

„Јавниот обвинител на Македонија, според законот за Специјалното обвинителство, нема ингеренции да се меша во работата на СЈО. Ништо не е готово со нивните истраги. Напротив. Ние чекаме акција од Специјалното обвинителство, да се обрати до нас, да седнеме тимови да ги отвориме предмет по предмет нивните отворени истраги, да видиме до каде се, доказите дали и колку се собрани и да одлучиме што од тие предмети може да биде преземено од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција, без прислушувани материјали. Но ќе повторам, тоа прашање треба да го покрене Специјалното обвинителство, а не Јавното обвинителство на Македонија“, вели Јовески.

Од СЈО не сакат да ја коментираат одлуката на Врховен, а со став се очекува да излезат следниве денови. Меѓутоа, синоќа зборувајќи за иницијативата на адвокатите, специјалниот обвинител, Трајче Пеливанов, рече дека за последните обвиненија како и за оние преземени од Јавното обвинителство, испрочитуван е рокот од 18 месеци.

Неколку предмети што сега се во рацете на СЈО, Миланов смета дека не можат да се вратат во редовното обвинителство, а доколку се случи такво нешто според него прислушуваните разговори, познати како “бомби“ нема да можат да бидат употребувани  како докази, бидејќи истите беа внесени преку СЈО. Но која ќе биде судбината на СЈО по одлуката на Врховен суд?

Член 22 од законот за СЈО предвидува специјалниот обвинител  да може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност. Рокот од 18 месеци на СЈО за отворање на нови случаи, базирајќи се на прислушуваните материјали или предметите преземени од ЈО, истекол на 30 јуни 2017.

Изминатиов период СЈО отвори неколку истраги и предистраги, кои сега се спорни, а истите може да ги преземат другите обвинителства, но без „бомбите“ како доказ.

За да ги преземат овие случаи другите обвинителства, тоа треба да биде побарано од СЈО, а истите може да “паднат„ и воопшто да немаат никаков епилог и да не стигнат до обвиненија, доколку не се обезбедени други силни докази, бидејќи „бомбите“ не можат да се користат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×