Пат околу Македонија за еден милион евра
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

За само единаесет месеци, на пратениците им биле исплатени неверојатни безмалку еден милион евра за патни трошоци за периодот од  мај 2013 до септември 2014 година, покажува истражувањето на порталот Инбокс7.

Од нив, најмногу трошоци наплатиле пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, гевгеличанецот Драги Цуклев, 25 илјади евра и Силвана Бонева од Струмица на која за патни трошоци и биле исплатени 23 илјади евра. Од пратениците кои ги анализира Инбокс7, најмалку наплатил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, кој за наведениот период земал 5.600 евра.

Меѓу пратениците на кои им се исплатени патни трошоци се и Љиљана Кузмановска, исто така од владеачката партија на која и се исплатени нешто помалку од 18.000 евра. Ане Лашкоска во првите 11 месеци лани наплатила околу 17.000 евра, додека Роза Топузовска-Каревска наплатила околу 4.500 евра. Поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски пак, наплатил 6.500 евра за своите патувања од Кичево.

Инаку, јавна тајна е дека многу од пратениците од внатрешноста поседуваат куќи или станови во Скопје, но сепак наплаќале патни трошоци на дневна основа.

Според буџетските проекции, Собранието оваа година ќе добиле 813 илјади евра за патни трошоци, што е зголемување од 100 илјади евра споредено со лани.

Дополнително, парламентарците неодамна си ги зголемија и дневниците за патување во странство,  така што наместо од 30 до 35% од вредноста на пропишаните дневници за местата каде што патуваат, сега ќе добиваат 50%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×