Патот напред
Објавено на од во Коментари и анализи

Zikov-kolumnaНикогаш не разбрав месециве зошто се чекаат директорите назначени од претходната власт во јавни претпријатија, и установи, а кои сеуште се на тие позиции и накои им е утврдено “основано сомнение за можен криминал”, сами да си одат со оставки …!?! Па тоа не е природно и биолошки! Не се будали …

Прво. Мислам дека оние што покажале добри резултати, и не се идентификувани во можни криминални шеми … треба да останат. Ако се ок и институциите со кои менаџираат се во развој … Тогаш нема проблем нека останат и тука сегашната власт треба да покаже различност и разбирање во според со претходната, сега веќе докажано, криминална влада….

Второ, за останатите што се “валкани” не треба да се чека Мицковски што ќе каже, или во стилот “законот така налага” …! Па да беше ваква состојбата во Србија, Романија, Бугарија, Хрватска … знаете ли што ќе се случеше …!?!

Што сакам да порачам?
Реформите кои се чекаат од Македонија се за да се менуваат и унапредуваат законите и институциите!? Институциите да станат поефикасни. Тогаш зошто се губи време? Зошто премиере Заев?

Значи, прашањето е зошто тоа оди споро … Тука изгледа малку ќе да е проблемот и во главите на граѓаните и оние слободоумни и силни професионалци низ јавните претпријатија и државни установи!
Што тие чекаат, не ми е јасно!? И секако проблемот е во отсуството на независна граѓанска компонента во општеството македонско. (Оти изгледа се е СДСМ И ВМРО). Таква дефинитивно не е Шарената револуција каде две третини беа ликови кои цицаа од претходниот режим, па откако ја изгубија цицката, се преквалификуваа во “борци за уривање на режимот”.

Сакам да кажам дека во ваква “преплет црева” ситуација едноставно за некој “криминализиран директор” да си замине треба да биде и “охрабрен”. Се прашувате како?

На пример, има ли 200 души независни интелектуалци и професионалци вработени во МРТВ кои си ја сакаат работата и бизнисот во делот на новинарите, музичари, продукција, документарни филмови … разни креативци … ДА ДОЈДАТ ПРЕД ВРАТИТЕ НА РАКОВОДСТВОТО НА ОВА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ И ДА ГО ПРАШААТ ДИРЕКТОРОТ … ДОБАР ДЕН ШЕФЕ ДАЛИ СИ ДОБАР? ЗДРАВЈЕТО КАКО? ИМАШ ЛИ НАМЕРА ДА КАЖЕШ КАКО ГИ Е…Ш ПАРИТЕ… И КОГА ЌЕ СИ ДАДЕШ ОСТАВКА!?!?

Потоа, по извесен број на денови, оставката само се констатира!?
Немајте дилеми … И Мицковски само ќе констатира …!?

И така по ред… Со сите проблематични јавни претпријатија. Не може, да ми простите во ортодоксно недемократска држава, да чекате добра волја од луѓе … кои наскоро треба да се судрат со законот.

Вака времето врви, а во Влада актуелнава, да ми простите се повеќе “певци” се редат на кои им одговара секаква состојба која го обезбедува само “сопствениот газ”. Во стилот додека оди, оди … После ќе ја мислиме. Така размислувал очигледно и градоначалникот на Ново Село. Тој ќе оди во затвор … Но, што правиме со состојбата на умот во главата на сите што во моментов трошат државни пари и пари на даночните обврзници … (патни трошоци на пратеници, патни трошоци и хотели на министри, наместени тендери, набавка на нафтени деривати за ЈСП … и така натаму … Листата е бесконечна).

Дечки, утре Хан е во Скопје. Почеток на скрининг …!?! Следниот јуни почеток на преговори!?

Работа не чека, алооо …
Ќе се срамиме ли следниот јуни …?!?!

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×