Павловски: Традиционалните индустрии не ја разбираат вредноста и предноста на стартапите
Објавено на од во Интервју

Давид Павловски е основач на стартапот Кiimo којшто работи на апликација што ќе помогне буквално секој од нас да може да биде доставувач на некаква пратка до одредена адреса. Финалната верзија ќе биде готова кон крајот на месецов и достапна на Apple Store и Google Play, после што следат 2 недели бета тестинг во реална околина со реални корисници, и сервисот станува достапен за крајните корисници.

david 2Идејата, како што вели Павловски ќе започне да функционира во Македонија за да може, како што вели тој „и овој пазар да ги осети бенефитите од ваков тип на шеринг економи старт-ап, како тест пазар“ иако, додава тој, „финалната верзија со сите додатоци ќе биде официјално лансирана во Минхен 1 месец подоцна.

„Ние сме отворен пазар, и во Македонија ќе ги лансираме додатоците коишто се однесуваат само на peer-2-peer и B2C сегментите“.

Визијата на Павловски е да направи премиум услуга ( poin-to-point ) пристапна достава за сите, од која бенефитите ќе бидат повеќестрани. ( луѓе ќе можат да заработуваат, а продуктите многу лесно ќе се движат низ сите точки во Скопје, преку поедноставување на алатката за електронска трговиа, со што ќе се создадат услови за додатен развој на електронската трговија).

„Секој ќе може да се пријави на сервисот и ќе може да доставува или да испраќа секаков вид на пратка, со тоа што како доставувач ќе мора да се помине еден едноставен Он боардинг ( скрининг процес ) каде што ќе му биде направена едноставна евалуација со цел КИИМО да биде најбезбедната и најдоверливата услува во Македонија, со 24/7 активна услуга како и поддршка а клиентите. Следен чекор е да ги имплементираме најновите технологии како Voice (гласовни нарачки ) и развој на вештачката интелигенција“, појаснува Павловски.

За актуелностите, предизвиците и иднината на макеонската стартап заедница, Капитал разговараше со основачот на КИИМО и ментор на неколку други стартапи во земјава, Давид Павловски.

Како ги оценувате условите за развој на стартап во земјава? 

Генерално условите се недоволни за еден стартап да е успешен. Добри работи се што има млади луѓе коишто имаат искуство во ИТ, но лошо е што многу малку биле дел од реален продукт. Како голем проблем се издвојува пристапот до финансии. Се’ уште финанските институци не се способни да можат да проценат потенцијал на некој стартап и тие први да дадат финансиска поддршка, иако се знае дека парите се кај банките. Исто така немаме култура на соработка. Свеста на споделување на вештини и знаења допрва се развива, но ќе треба многу време за да се разбере дека секој треба да даде свој придонес во стартап екосистемот за да можат сите заедно да пораснат. Така што, најголем е проблемот со менталитетот и стравот, а најмал во вештините.

Што ја одбележува стартап сцената во Македонија, и колку можеме да се пофалиме со успешни примери ?

Има неколку интересни стартапи коишто пронашле одредена нишка на пазарот и создале бизнис околу нив. Но многу треба да се работи за да стигнеме до таа свест, што е точно стартап и како тој треба да се развива. Hand-zone менторите кои што имале успешни приказни се недостапни за Македонските стартап компании и затоа ќе мора сами да учиме што значи успешен стартап.

Имате ли доволно институционален слух за претприемничките идеи ? Со кои проблеми се соочувате?

Иституционален не. Еве голем проблем е наплатата во Македонија, па мораме да наоѓаме алтернативни решенија. Дури ни традиционалните индустрии како фармацевтските компании, банките и осигурителни компании ( кои што би имале доволно капитал да поддржат иновативни идеи ) се’ уште не ја разбираат вредноста и предноста на мали ефикасни тимови со добро лидерство и брзина.

Главен проблем, исто така е тоа што е многу тешко да се создаде доверба во новиот производ со што се отежнува можноста стартапот да направи стратешко партнерство со некоја успешна традиционална компанија.

Кога би можеле, што би смениле за побрз развој на претприемништвото?

Се. Се почнува од едукацијата која што е на најниско ниво. Во текот на животот до 18 годишна возраст родителите на децата им кажуваат НЕ 250000 пати  и само 5000 пати им кажуваа ДА, за нивните постапки, што создава страшен страв доколку се згреши или „проектот“ не е успешен.

Тоа е основниот постулат на кој што се гради еден стартап. Секој стартап треба да е побрз од регулативата и од пазарот за да може да успее затоа што е мал и располага со ограничени ресурси.

Следен огромен проблем е дистрибуцијата на негативни политицки информации во медиумите наспорти многу малиот осврт на медиумите спрема стартапите. Доколку тоа почне да се менува во одреден краткорочен интервал, ќе се смени мислењето и повеќе луѓе сериозно ќе ги сфаќаат бенефитите од стартапите.
Исто така јас највеќе го поддржувам Капитал затоа што е прв медиум што реално им посветува време на стартапите, што е најбитно на почетокот, да се има поддршка од општествените чинители.
Пристапот до финансии во рана фаза, кога стартапот е најранлив, е огромен проблем, и тоа се решава со CVC ( corporate venture capital) модели каде владата ќе дава одредени бенефиции на традинционалните компании, кои дел од профитот ќе го вложуваат во ризичен капитал, што би бил наменет за стартапите.

Кои ви се очекувањата од македонската стартап заедница? 

Како и во секој друг екосистем тешко дека системски ќе се смени нешто. Секаде одредени амбициозни поединци кои што не се согласуваат со статус кво-то го создаваат почетниот бран и работите почнуваат помалку да се менуваат, но немањето слух кај институциите и каде што политиката е доминанта тема во секојдневието, ќе биде многу тромав и макотрпен тој пат на дигитална трансформација.

Сметајте дека младата популација во МК е генерација Z, и тие својот ден го поминуваат со вести од УСА и ЕУ, а тука во МК нема сервиси што се со ист квалитет и иста визија. Тука гледам можност за стартапи како КИИМО кој што би биле комерцијално достапни и би ги задоволиле потребите на новата дигитална генерација, па се надевам и дека ќе ги инспирира да си создадат свои продукти понатаму.

На секој што би му требало било каква менторска поддршка или чисто размена на идеи му стојам на располагање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×