Пазарот на автомобили во Европа се руши
Објавено на од во Економија
Продажбата во август се намали за 8,4%.
колиПродажбата на нови автомобили во Европа опадна во август, кога состојбата во индустријата се влоши, борејќи се со слабата побарувачка на клучните пазари и предизвикот на електричните возила.
Продажбата падна за 8,4% на 1,04 милиони во август, откако во јули се зголеми 1,4%, според статистиката на Европската асоцијација на производители на автомобили, ојавена денес.
Падот во август, најстрмниот за 2019 година, дополнително беше дополнет со исклучително високиот раст еден месец порано, при што производителите лансираат нови модели пред да стапат во сила новите строги правила за емисија на гасови.
Производителите на автомобили се соочуваат со дополнителни предизвици, вклучувајќи го и ризикот од рецесија во Германија и падот на кинескиот пазар на автомобили. Европската продажба се намали за 3,2% , а петте најголеми пазари на континентот се променија нагло, и тоа Шпанија со пад од над 30% и Франција со пад од 14%.
Само 7 земји во ЕУ забележаа раст во август, една од нив е Бугарија. ВоБугарија, продажбата исто така се зголеми за 1,5% на годишно ниво, достигнувајќи 2.929 нови автомобили. Од почетокот на годината, исто така, има зголемување – за 2,9% на 24 372 автомобили.
Највисок раст на продажбата во осмиот месец од годината е забележан во Грција, кој се зголеми за 24,3% и 9,8% од јануари до август.
Превирањата во индустријата се случуваат во време на Саемот за автомобили во Франкфурт, бидејќи илјадници демонстранти бараа политичка и индустриска акција за заштита на животната средина.
Лидерите на германската лоби група на автомобилската индустрија исто така изненадувачки ја објавија својата оставка минатата недела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×