Пелагониските стопанственици бараат увоз на работна сила
Објавено на од во Економија

Увоз на работна сила бараат пелагониските стопанственици во недостиг на квалификувна работна сила и поедноставување на постапата за престој на работни визи на лица од странство.

30032019_prilep_komora_3Претседателката на Регионалната Стопанска комора – Прилеп,Ирена Јакимоска на вчерашната средба со Премиерот и Владината делгација со стопанствениците од Прилеп и Битола рече река разговаравме и за увоз на работна сила од други земји и поедноставување на постапата за престој на работни визи на истите.

„Фактите се на страната на Пелагонискиот регион, бидјеќи 11 %  од додадената вредност на правните субјекти учествуваат во создавањето на бруто домашниот производ во Македонија. Но можностите за надминување на најгорливите прашања се: недостигот на оперативна кавалификувана работна сила.  Во однос на оператината работна сила разговаравме и за увоз на работна сила од други земји и поедноставување на постапата за престој на работни визи на истите..Имаме и конкретни работни задачи на кои можеме да поработиме сите компании , задно со владините мерки од 20 милиони евра неискористени средства за тренирање на потенцијална работна сила“ – рече Претседателот на Регионалната Стопанска комора – Прилеп,Ирена Јакимоска.

Премиерот Зоран Заев, пред бизнис заедницата од пелагонискиот регион, на средбата истакна дека овој   регион е многу значаен за Република Северна Македонија  и ја истакна важноста од изградбата на  патните регионални и магистрални  правците.

„Но она што му е битно на бизнис секторот е недостатокот на квалификувана работна сила. Еден дел од Светот се движи со давање на мобилност на кфалификувана работна сила, што значи дел од нашите квалификувани кадри кои неможат да најдат работа тука , можат да најдат работа во дел од соседството , но и дел од работната сила во соседството може да најде работа овде .Тоа е во делот на Европската економска агенда  за регионот. Што се однесува до визниот режим за одредени земји, ако сакаат работници да дојдат во нашата земја , не само работна сила, туку и како турисит ,поттрошувачи …,тие дебати се отворени во Владата ,со министрите . Стопанствениците гледаат надеж за кфалификувана работна сила и во вавките  механизми“-  рече Заев на средбата со прилепските и битолските стопанственици во Прилеп.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×