Пеле го тужи Samsung и бара обесштетување од 30 милиони долари
Објавено на од во lifestyle

Познатиот бразилски фудбалер Пеле го тужи Samsung, и од јужнокорејската компанија бара обесштетување од 30 милиони долари.

Фудбалерот бара да биде обесштетен поради прекинати преговори и наводно недозволено користење на неговиот лик во реклама за SUHD TV телевизорите на Samsung што се појавила во New York Times.

Според тужбата, Samsung преговарал со Пеле за користење на неговото име за маркетиншки цели, но наместо договор, Јужнокорејците ги прекинале преговорите.

Потоа, во октомври 2015 година, во New York Times излегла споменатата реклама на која може да се види човек кој не е Пеле, но многу личи на него (името на фудбалерот не се споменува во рекламата).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×