Пендаровски: Има алтернативи за НАТО, но колку се квалитетни за Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Прашањето за Македонија не е дали постојат алтернативи за членството во НАТО, туку дали тие алтернативи се доволно квалитетни за земјата“, изјави денеска националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, на научната тркалезна маса „Алтернативи на и за НАТО: интеграција на Република Македонија, политичка реалност, идни решенија и можности“, која се одржа на Факултетот за безбедност во рамки на Дипломатскиот форум.

Пендаровски рече дека првата алтернатива на членството во НАТО е Македонија да прогласи воено-политичка неутралност, но тоа е, како што кажа, утопија во регионот во кој живееме и нешто што нема да има практичен ефект.

„Втората алтернатива е влез во евроазиски асоцијации. Базирано на анализи, тоа нема да има никаква додадена вредност за Македонија. Во тие сојузи не постојат услови за стекнување членство и не вршат евалуација на нивото на усогласеност на политиките“, рече Пендаровски.

Од друга страна, како што кажа, придобивките за Македонија од членството во НАТО се огромни – заедничка заштита од кибер криминал, заедничка одбрана од разорниот ефект на т.н лажни вести.

„Како полноправна членка на НАТО ние би разменувале информации со сите моќни земји-членки за опасностите од тероризмот поттикнат од верски побуди“, рече Пендаровски.

Во однос на прашањето за името, Пендаровски истакна дека ако сега не се реши ова прашање, алтернативата е да се продолжи со преговорите, сѐ додека не се најде достоинствено решение.

„Најпогубно е да се повлечеме и да се затвориме дома. Ако не добиеме покана не е крај на светот. Битно е да продолжи преговарачкиот процес“, додаде Пендаровски.

Истакна дека ЕУ и НАТО се школи за демократијата во посткомунистичките држави и додаде дека тие процеси се особено важни за Македонија, бидејќи до 1991 година во неа немало демократска традиција.

„Клучен супстрат на демократијата е културата на компромис која отсуствува во нашата демократија. Не постои консензус во стратешките области. Македонија треба да ја сочуваме само со ум и одговорност, никако со покажување сила и мускули однатре и однадвор“, додаде националниот координатор за НАТО.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×