Пендаровски разочаран што обвинителите заминале на одмор наместо да го расчистуваат „Рекет“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
На пресконференцијата во претседателската резиденција, Претседателот Стево Пендаровски, денеска рече дека е разочарувачки непостапувањето по отварањето на Аферата „Рекет“, поради тоа што обвинителите заминале на годишен одмор. 
пендаровски за рекет„ Aпелирам на оние кои се надлежни за првични истражни дејствија да ги остават своите колективни одмори на страна“. Сите имаме колективни одмори, кога не работи Парламентот, ако има потреба веднаш се состануваме. Во Уставот стои дека Парламентот работи постојано, тоа треба да важи и за нив не може да тераме одмори како да е редовна состојбата а не е редовна состојбата. Јавно се обраќам до судско обвинителските органи да ја тераат работата. И од аспект на евроинтерграциите треба брзо да ја расчистиме оваа афера“, изјави Пендаровски нарекувајќи ги инертни органите кои треба да го водат случајот, изјави Пендаровски во своето обраќање до јавноста .
„Разочаран сум од Катица Јанева, барам брзо и темелно завршување на истрагата“
На денешната прес-конференција Пендаровски рече дека е разочаран од она што го слуша, и како што рече тој, револтот кај граѓаните е огромен „и сосема оправдан и јас како граѓанин човек сум разочаран што се изневерени и моите очекувања“, додаде Пендаровски.
Тој, исто така побара, да се поднесат обвиненија против сите инволвирани во случајот „Рекет“, политичари и за сите други кои биле вмешани во овој голем скандал, за кои постојат докази, повикувајќи ги уште и оние кои се споменати во снимките самоиницијативно да дадат изјави пред јавен обвинител.
„Никој не смее да биде над законите во оваа држава. Оние кои не го знаат тоа или не го почитуваат, треба да им го отстапат на други лица. Како што се борев за СЈО во изминатите четири години, мислам дека ќе продолжи да ја гони високата корупција, поединци не се СЈО“, рече Пендаровски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×