Пенс ги поздравил реформските напори на македонската Влада во телефонски разговор со Заев
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, синоќа телефонски разговарал со потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Американскиот потпретседател ги поздравил процесите што ги почна новата Влада за демократија, за слобода и за правда во Република Македонија. Тој ги оценил чекорите на новата Влада на полето на добрососедските односи  како меѓународни успеси. Изразил поддршка на Планот 3–6–9 што го усвои Владата за реализација на итните реформски приоритети. Исто така, американскиот потпретседател пренел поздрави до премиерот Заев, до новата Влада и до граѓаните на Македонија од претседателот на САД, Доналд Трамп, и од американската администрација.

Премиерот Заев изразил благодарност за големата пријателска поддршка што ја има Република Македонија од САД во сите важни процеси за државата, како и во остварувањето на стратешките цели, интеграција во НАТО и во ЕУ.

„Цврсто сме определени кон демократските вредности. На тој пат, силно сме инспирирани од САД, како вистински пример за држава којашто се темели на базичните демократски придобивки, слобода, демократија и правда“, рекол премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев констатирал дека членството на Црна Гора во НАТО е охрабрување за целиот регион и дека Република Македонија со силната посветеност кон реализацијата на потребните реформи, се надева дека ќе биде следната земја членка на Алијансата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×