Пентагон е најголемиот работодавач во светот- вработува 3,2 милиони луѓе
Објавено на од во Економија

Најголемиот работодавач во светот не е приватна компанија, туку американското министерство за одбрана, покажуваат резултатите од истражувањето кое го објави швајцарската невладина организација Светски економски форум (WEF).

Според податоците на овој извештај, американското министерство за одбрана вработува 3,2 милиони луѓе, а позади него е Народноослободителната војска на Кина со 2,3 милиони припадници, додека дури на трето место е американскиот малопродажен ланец Волмарт со 2,1 милион вработени, од кои 175.000 работат за британскиот трговски ланец Асда, јавува порталот “Бизнис инсајдер Австралија”.

Американскиот ланец за брза храна Мекдоналдс е на четврта позиција како најголем работодавач на светот (со 1,9 милиони работници), додека на петтото место е британскиот јавен здравствен систем (National Health Service), кој вработува 1,7 милиони луѓе.

На шесто и седмо место се кинеските државни компании China National Petroleum и Државното електростопанство на Кина со 1,6 милиони, односно 1,5 милиони вработени.

Веднаш зад кинеските компании следува “India Railways” со 1,4 милиони вработени и индиската војска со 1,3 милиони.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×