Пентагон: Силно ќе ги браниме нафтените полиња во Сирија
Објавено на од во Политика
На секој обид за одземање на нафтените полиња од курдската милиција во Сирија која има поддршка од САД, Вашингтон ќе одговори со силна употреба на сила, без разлика дали противникот е Исламска држава или силите кои имаат поддршка од Русија или Сирија, соопшти Пентагон.
пентагонАмериканскиот министер за одбрана Марк Еспер ставот на Пентагон го потврди и на прес-конференција, истакнувајќи дека американските сили ќе останат позиционирани во делови околу нафтените полиња, кои тој ги нарече „стратешки области“.
На прашањето дали американските трупи ќе спречат какви било обиди на сириските или руските трупи за пристап до нафтените полиња, тој рече да.
„Кусиот одговор е да, моментално е така“, рече Еспер.
Тој истакна дека поголемиот дел од Сириските демократски сили (СДФ), кои имаат поддршка од САД, зависат од приходите од нафта за да можат да обезбедат паричен надомест за своите борци.
Еспер додаде дека меѓу тие борци има и некои кои се задолжени да чуваат затвори во кои се затворени припадници на Исламска држава.
„Ние сакаме да бидеме сигурни дека СДФ имаат пристап до ресурси за да ги чуваат затворите, да ги вооружат своите трупи и да не поддржат во мисијата против ИД“, рече Еспер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×