Пензиите преку Халкбанк ќе се исплаќаат точно на секој 1-ви во месецот
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Халкбанк АД Скопје ги известува сите свои клиенти, приматели на пензија преку Халкбанк, дека исплатата на пензиите отсега ќе се врши секој 1-ви во месецот на нивната денарска сметка во банката. Доколку предвидениот ден е викенд тогаш исплатата се поместува за следниот работен ден.
HALKBANK AD Skopje
Оваа новина е валидна почнувајќи од 1 април и со неа всушност се гарантира редовна исплата на пензијата на првиот работен ден во месецот за сите пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а се клиенти на Халкбанк.
Дополнителен бенефит за примателите на пензија преку Халкбанк е и уникатниот пензионерски пакет кој вклучува дебитна картичка за подигнување на средствата од сите банкомати од сите банки во земјата без трошоци, можност за користење на дозволено пречекорување на трансакциската сметка и лимит на картичка до две пензии, можност за плаќање на сметките за комуналии (вода, струја, парно итн.) без провизија, како и можност за потрошувачки кредит со рок на отплата до навршување на 75 години на носителот на кредитот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×