ПерпетууМобиле прослави 25 години постоење
Објавено на од во Компании
Компанијата почна во 1994 со услуги за обезбедување, а денес нуди и безбеден транспорт на пари, како и чистење, а брои преку 1.000 вработени. 
10
Во пријатна атмосфера и одличен амбиент компанијата ПерпетууМобиле во среда на 05.06 го прослави своето јубилејно 25 годишно постоење.
На настанот беа присутни поголем дел од нивните клиенти и соработници кои уживаа во одличната забава, а сопственикот на компанијата Дејан Костов ги поздрави гостите и им се заблагодари за довербата, лојалноста и поддршката на семејството, вработените, клиентите и соработниците.
Со повеќе од 10.000 задоволни клиенти веќе 25 години оваа компанија гради една успешна приказна. Остварување и на најсложените барања на клиентите како и следење на сите трендови  и технолошки иновации во нивната дејност беше цел која компанијата се стремеше компанијата да ја достигне. А денес по 25 години, ПерпетууМобиле успешно ја остварува оваа цел, благодарејќи на несебичната вложеност на вработените во компанијата како и одличната соработка со бројни компании.
Успешната приказна започнува во 1994 година кога е основањето на компанијата. Истата година компанијата ги добива своите први клиенти  и го потпишува првиот договор. На почетокот како компанија која нуди услуги во областа на обезбедување, ПерпетууМобиле се соочи со уште многу предизвици и  реализирани проекти и прерасна во водечка компанија во областа на обезбедувањето од сите видови. Оваа компанија веќе 3  години е прв и единствен центар за готовина чија основна дејност е траснпорт на дневен промет од секаков вид на компании  во државата. Минатата година започна развојот на дигитални платформи во областа на обезбедувањето и транспортот на пари кои се претставија на интернационално ниво.
Паралелно со овие две дејности во 2018 година компанијата влезе во уште една нова индустрија а тоа е чистењето. Во дејноста чистење ПерпетууМобиле секојдневно брзо напредува и може да се пофали со 1.500  редовни клиенти како и различни еднократни големи проекти кои непрекинато растат. Денес ПерпетууМобиле брои повеќе од 1.000 вработени, а бројот на услуги, реализирани проекти и нови клиенти постојано расте!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×