Пет банки се меѓу десетте компании со најголема добивка на Берзата во 2018 година
Објавено на од во Економија

Од Берзата посочуваат дека 10 компании со најголема нето добивка оствариле во текот на минатата година околу 90% од вкупниот промет на Берзата.

makedonska-berza-01 (1)Пет банки кои котираат на Македонската берза се меѓу десетте компании со најголема добивка во 2018 година. Прва со најголем добивка е Стопанска банка АД Скопје од 2,746 милијарди денари, следи НЛБ Банка АД Скопје со 2,120 милијарди денари, потоа Комерцијална банка АД Скопје со 1,806 милијарди денари.

Во топ десетте компании е Македонски телеком АД Скопје со нето добивка од 1,421 милијада денари, Мермерен комбинат АД Прилеп со 1,403 милијарди денари, Цементарница УСЈЕ АД Скопје со 1,048 милијарди денари, Алкалоид 862 милијони денари, Макпетрол АД Скопје 778 милијарди денари, Охридска банка 577 милиони и УНИ Банка 268 милиони денари.

Вкупната нето добивка на 100 компании што котираат на Македонската берза минатата година изнесува 224.097.334 евра или 14.970.900.000 денари и бележи раст во однос на претходната година од 26,25%, кој се појаснува со растот кај котираните компании

Според дејноста во банкарство, осум банки имале добивка и ниту една загуба, во градежништвото три компании се со добивка, а една со загуба, земјоделството пет со добивка и ниту една со загуба, во индустријата 30 со добивка и 10 со загуба, во осигурителниот сектор две компании имале добивка и ниту една загуба, во трговијата девет компании оствариле добивка и четири загуба, во трговијата со нафтени деривати една имала добивка и една загуба, во угостителството четири компании оствариле добивка и ниту една загуба, во услужната дејност 13 компании имале добивка и шест загуба и во дејноста фармација две компании имале добивка и ниту една загуба.

Македонска берза го најави одржувањето на 20-тата Годишна конференција во Охрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×