Пет фирми прават 16% од профитот на целата македонска економија
Објавено на од во Компании

Најпрофитабилните 5 компании во Македонија прават вкупен профит од 198 милиони евра, што е 16% од профитот на сите компании во земјава кои лани направиле профит од 1,3 милијарда евра.  Вкупните приходи, пак, на 5-те најпрофитабилни македонски приходи лани изнесувале нешто над 1 милијарди евра. Тоа значи дека просечната маржа со која работеле овие 5 најпрофитабилни компании во Македонија лани изнесувала 20%, или на секои 100 денари вкупни приходи од работењето на крајот им останувале по 20 денари чист профит.

Најпрофитабилната компанија Каменимост комуникации со профит од 54,5 милиони евра е  фирма за консултантски услуги која е мнозински сопственик на Македонски Телеком, фирмата која до лани беше најпрофитабилна компанија во Македонија. Тоа е единствена компанија со годишен профит од над 50 милиони евра. Оваа компанија, која нема ниту еден вработен, лани имала профитна маржа од 99,16%.
Македонскиот Телеком кој неколку години беше најпрофитабилна компанија во Македонија лани забележа пад на профитот од дури 52% и достигна 44 милиони евра. До пред две години  Телекомот беше единствена компанија во Македонија со профит поголем од 100 милиони евра. Намалувањето на профитот на Телеком услови и пад на профитната маржа која лани изнесуваше 29,7% .

Мобилниот оператор Т-Мобиле Македонија со профит од 37,5 милиони евра и понатаму останува трета најпрофитабилна компанија во Македонија.

Четвртата позиција веќе неколку години наназад е резервирана за рудникот за олово и цинк Саса од Македонска каменица. Рудникот САСА, со профит од 32,3 милиони евра, лани работел со профитна маржа од 40,5% и поврат на капитал од 18,95%.

Петта најпрофитабилна компанија во Македонија е странскиот инвеститор од слободната економска зона Бунарџик, британската Џонсон Мети, која лани имала профит од близу 30 милиони евра.

3 thoughts on “Пет фирми прават 16% од профитот на целата македонска економија

  1. Ovie I uste nekolku kompanii od top 200 bea "tolku golemi zagubari" vo drzavna sopstvenost i moraa da se prodadat na straci.Stasno pametna odluka na site dosegasni vladi.Bravo,ic muva ne gi lazi.

  2. Se e dobro toa vo vrska so profitot sto go ostvaruvaat golemite kompanii. No platite sto gi davaat bas golemite kompanii go unistija narodot !!! Indirektno so mizernite plati doprinesoa za isseluvanje na ogromen broj od mladinata vo Makedonija, toa go doprinesoa golemite kompanii so niskite plati za narodot…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×