Пет од десетте најбогати млади луѓе милијардите ги заработиле од Facebook
Објавено на од во hi-tech & business

Половина од десетте најбогати луѓе на возраст до 40 години, или биле меѓу првите вработени во Facebook или компанијата што ја основале била преземена од Facebook. Според фирмата што го истражува движењето на богатството во светот на најбогатите, Wealth-X, на листата млади милијардери, секако, првото место суверено го држи Марк Закерберг со 35,1 милијарди долари богатство.

Второто место го делат соосновачот на Facebook, Дастин Московиц (со по 7,7 милијарди), и соосновачот на WhatsApp, Јан Кум, кој на оваа листа се најде откако Закерберг лани му ја купи компанијата за 19 милијарди долари.

На четвртото место е младиот милијардер, Скот Данкан, кој нема self-made, туку наследено богатство (5,5 милијарди), од татко му, Ден Данкан, кој работи во бизнисот со транспорт на нафта и гас.

Основачот на Napster, кој беше и прв претседател на Facebook, Шон Паркер, е на петтото место, со богатство од 5,2 милијарди долари.

На шестото и седмото место повторно има двајца наследници – првата е, всушност, наследничка, Јанг Хујан (од Кина; од бизнисот со недвижнини) и „тежи“ 5,1 милијарди, а вториот е син на колумбискиот бизнисмен Хулио Марио Санто Доминго, и се вика Алехандро Санто Доминго (4,9 милијарди).

Следната жена, овојпат со богатство што самата го стекнала, се наоѓа на осмото место – Елизабет Холмс е основач на компанијата што пружа лабораториски медицински услуги, Theranos, и досега заработила 4,5 милијарди долари.

Бразилскиот интернет претприемач и инвеститор, кој е, исто така, еден од петте соосновачи на Facebook, Едуардо Саверин, е деветти на листата млади милијардери, со богатство од 4,4 милијарди, која ја затвора Арун Пудур, основачот на компанијата Celframe, со 4 милијарди долари, доволни за десеттото место.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×