Пет совети за безбедно и сигурно онлајн купување
Објавено на од во Економија
Oдреден број на луѓе и понатаму чувствува страв од онлајн трговијата, а како најголем страв се наведува безбедноста на податоците во виртуелниот свет. Компанијата Visa, светскиот лидер во дигитално плаќање, нуди едноставни совети кои што секој потрошувач може да ги примени за да може на сигурен начин да изврши купување преку интернет.
 Capture 2
Во Македонија во текот на март имаше 30% повеќе онлајн трансакции со Visa картичките во однос на истиот период минатата година.[1] Во новонастанатата здравствена ситуација, интернет купувањето беше единствената безбедна опција за доаѓање до производи, па потрошувачите на овој начин ги набавуваа дури и намирниците и лековите. Голем број на купувачи се одлучија за својата прва набавка преку мобилен телефон, апликации или дигитален паричник токму за време на карантинот.
Меѓутоа, одреден број на луѓе и понатаму чувствува страв од онлајн трговијата, а како најголем страв се наведува безбедноста на податоците во виртуелниот свет. Компанијата Visa, светскиот лидер во дигитално плаќање, нуди едноставни совети кои што секој потрошувач може да ги примени за да може на сигурен начин да изврши купување преку интернет:
Безбедно онлајн плаќање – При онлајн плаќање, важно е да се провери URL адресата – доколку истата почнува со https://, тогаш се работи за безбедна конекција.
Плаќање преку апликација – Корисниците би требало да ги ажурираат своите лозинки, да креираат посебни шифри за секој налог, или уште подобро – да користат отпечаток од прстот или препознавање на лицето кога се пријавуваат или плаќаат преку апликација.
Внимателност поради фишинг (phishing) – Препораката е да се обрати дополнително внимание на непосакуваните и сомнителни мејлови, SMS пораките и телефонските повици. На овој начин обично се крадат личните податоци како што е бројот на сметка, корисничко име или лозинка, па затоа не би требало да се клика на линковите, ниту да се преземаат било какви документи.
Софтверско ажурирање – Пред купување преку компјутер, таблет или телефон, потрошувачите треба да го инсталираат најновиот достапен софтвер. Технолошките компании ги чуваат доверливите податоци на корисниците, а софтверското ажурирање дополнително им помага во тоа.
Евиденција на трансакциите и редовна контрола на извештаите за сметките – Банките на своите клиенти им нудат услугaза известување при секое плаќање, што дава можност за брза реакција доколку дојде до неодобрени или непознати трансакции.
Онлајн купувањето има многу предности – достапноста, едноставноста, брзината и ефикасноста се само некои од нив. Сепак, тоа бара дополнителни мерки на претпазливост, бидејќи активностите за измама се тешки за воочување. Visa се труди на своите клиенти да им овозможи безбедно плаќање нудејќи им ја најновата технологија за спречување на злоупотреба.Скоро 20 години оваа компанија посветено работи на пружање на помош на онлајн трговците да ги идентификуваат потенцијалните измамнички трансакции и на тој начин да ги заштитат потрошувачите.
Светскиот лидер во дигиталните плаќања неодамна ја претстави Visa Secure (претходно позната како Verified by Visa), унапредена програма за зголемување на безбедноста при онлајн плаќање. Visa Secure ја користи најновата технологија EMV 3-D Secure (3DS), прифатена на ниво на целата активност како протокол за размена на пораки за полесна автентикација на купувачот. Оваа технологија им овозможува на купувачите да го потврдат својот идентитет со банката, преку е-трговија или онлајн плаќање без присуство на платежна картичка. Дополнителниот слој на безбедност помага во спречување на неовластени трансакции, како и во заштита на трговците од злоупотреба при онлајн наплата. Новата технологија е осмислена да нуди значајно унапредено онлајн  купување, бидејќи истовремено обезбедува поголема заштита на потрошувачот, ја поедноставува постапката за плаќање и го зголемува процентот на реализирани купувања.
[1] Базирано на податоците на компанијата Visa, март 2020.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×