Пет топ трендови на корпоративно општествена одговорност за 2016 година
Објавено на од во Компании
trends
Компаниите ќе почнат сѐ повеќе да ја ценат транспарентноста како што ќе го бараат тоа од нив помладите генерации. За лидерите нема да биде доволно само да инспирираат и едуцираат, туку ќе треба да бидат способни да креираат доверба преку искреноста. Ова е една од главните карактеристики на светските компаниски општествено одговорни практики во иднина.

Од следната година, корпоративната општествена одговорност (КОО) од доброволна, станува задолжителна за компаниите од земјите членки на ЕУ. Доколку не настанат промени во последен момент, од 2016 година фирмите ќе мора да подготвуваат годишен извештај каде што ќе ги наведат сите свои активности што влијаат врз животната средина и општеството.

Општествената одговорност стана особено важен дел од компаниските филозофии последнава деценија, што беше стимулирано од два клучни фактори – барањата на потрошувачите и можностите за брендирање. Потрошувачите стануваат технолошки сѐ попотковани  и информирани, со што се зголемува нивната свесност за тоа од каде и како доаѓаат производите што ги консумираат. Многумина се веќе спремни да платат повеќе за производи каде што е запазено високо ниво на етика и општествена одговорност во целиот синџир на производство – од нива, до полица во супермаркет. Овие потрошувачи се идентификуваат со брендовите кои што ги делат нивните вредности.

Со помош на истражувањата на Forbes, Fortune и уште неколку водечки бизнис медиуми во светот, направивме кус преглед на она што допрва ќе биде најважно за компаниите во светот кога станува збор за општествено одговорните практики.

 

-       Промени во работната околина

Во последно време сѐ почесто ги слушаме термините: Капитализам со свест… Одговорно лидерство… Паметни градови…Социјални иновации и претприемништво… Ова се рефлектира на средината во која бизнисите функционираат, а која што постојано се менува. На пример, кај работната сила, една американска студија покажува дека во нивната економија веќе 59% од менаџерите се од генерацијата на т.н. Милениумци (родени во периодот 80ти – 90ти), а 18% од нив се пак на високи позиции. Очекувањата на оваа генерација ќе имаат директно и индиректно влијание на тоа како бизнисот ќе се однесува кон прашањето на општествената одговорност во иднина.

-       Искреност и транспарентност

Според неодамнешна студија на Forbes, искреноста ќе биде една од клучните лидерски карактеристики на новото време. Компаниите ќе почнат с$ повеќе да ја ценат транспарентноста како што ќе го бараат тоа од нив помладите генерации. За лидерите нема да биде доволно само да инспирираат и едуцираат, туку ќе треба да бидат способни да креираат доверба преку искреноста. Во анализата на Forbes за маркетинг трендовите за 2016 година, транспарентноста е наведена како најважна алатка на маркетингот, како што потрошувачите ќе добиваат с$ поголема моќ и влијание.

-       Внатрешни комуникации

Компаниите ќе бидат фокусирани повеќе на внатрешните комуникации како маркетинг средство, и тоа ќе биде нивниот клучен предизвик и прилика да креираат бренд амбасадори и да се осигурат дека вработените, клиентите и снабдувачите  го разбираат и го живеат “брендот“, исто како и визијата и стратегијата на компанијата.

-       Заедниците и бизнисот

Ќе следат позитивни промени затоа што компаниите наместо еднократни активности и настани поврзани со хуманитарна работа и сл., сѐ повеќе ќе градат подолготрајни релации со своите партнери во практикувањето општествена одговорност. Ќе се развива т.н. стратешко волонтерство, исто како и користењето на стручната експертиза и ресурси во насока на поддршка на служењето на заедницата и доброволните општествено корисни активности на менаџментот и вработените во една компанија.

-       Улогата на владите

Насекаде на планетава, потрошувачите знаат дека властите имаат тешкотии да лоцираат и решаваат голем број од горливи социјални и економски прашања во услови на отежнато финансирање и неадекватни системи за давање јавни услуги. Истражувањата на компанијата MSL покажале дека 73% од генерацијата на Милениумците или т.н. Y Generation не веруваат дека владите можат сами да ги решат денешните проблеми, а 83% од нив сакаат бизнисите поактивно да се вклучат во тоа.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×