Петрески: Најголем проблем е нарушената ликвидност
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2016

Марјан Петрески, професор на Американ Колеџ

Petreski-Marijan

П.Н- Може да обезбедите најдобри услови за финансирање, да бидете рангирани први на дуинг бизнис и слично, но ако постои и најмал ризик дека некој може да ве уништи во еден ден, без одредена причина, туку затоа што така сака, тогаш економијата нема да расте.

 

Изминатата 2015 година помина под знакот на политичката криза, при што пресметките се дека таа „изеде“ најмалку 1 процентен поен од растот на БДП. Веројатно случувањата од оваа година ќе имаат и своја рефлексија врз средниот рок, особено врз перцепцијата на странските инвеститори и странските финансиски пазари. Може да биде уште потешко да ги убедиме првите да инвестираат тука, а вторите може уште позначајно да го вкалкулираат политичкиот ризик во цената по која ќе и позајмуваат на Македонија, иако во одредена мера тоа веќе и го сторија со последната еврообврзница.

Периодот до изборите, најмалку, ќе биде период на уште поголема неизвесност за правење бизнис и очекувам воздржаност на економската активност, и од страна на инвеститорите и од страна на потрошувачите. Без оглед кој ќе победи на изборите, битно за економијата е да обезбеди враќање на нормалните економски текови и гарантирање на вкупната стабилност на деловното окружување.

Моето разбирање е дека на оперативно ниво моментално најголем проблем е нарушената ликвидност. Наплатата на побарувањата оди тешко и тоа спречува и исплата на обврските. Во голема мера тоа е проблем на нашиот деловен менталитет, меѓутоа значаен играч во таа верижна неликвидност е државата. На стратегиско ниво, би рекол дека два се клучни предизвици за компаниите во Македонија. Првиот е да излезат од комфорната зона и повеќе да размислуваат за иновирање или приспособување на странски иновации на локалните околности. Само така може да растат. Вториот предизвик е да најдат начини за поврзување со странските фабрики. Тоа ќе ги доведе на повисоко технолошко ниво, што ќе биде значајно не само за нив, туку и за економијата во целина. Во второво мислам дека треба да се замеша и државата, во смисла на дизајнирање стимулативни пакети за полесно поврзување на домашните со странските фабрики.

Клучната работа што треба да ја направи извршната власт после изборите, е целосна институционална стабилизација и реформа со која ќе ги убеди сите засегнати страни дека институциите ќе функционираат во корист на граѓаните и фирмите, а не во корист на политичките елити. Во моментов тоа ми се чини клучно. Да се оневозможи, на пример, политичар да може да нареди на инспекторат да отиде во фирма и да ја казни по секоја цена. Тоа го уништува растот на фирмите. Може да обезбедите најдобри услови за финансирање, да бидете рангирани први на дуинг бизнис и слично, но ако постои и најмал ризик дека некој може да ве уништи во еден ден, без одредена причина, туку затоа што така сака, тогаш економијата нема да расте. Тоа мора да го реши владата формирана од било која партија, па макар тоа била и сегашната владејачка партија.

Тоа што извозот се зголемува е добро, но она што е значајно за Македонија и нашиот БДП е нето извозот, односно разликата помеѓу извозот и увозот. Ако извозот се генерира со помалку увоз тогаш е добро. Затоа реков, потребно е домашните фирми да станат добавувачи на странските фирми. Тоа е среднорочна до долгорочна цел, но не е невозможна. Со дизајн на стимулативен пакет за вакво поврзување, ќе се создадат и услови за позасилени инвестиции и извоз и кај домашните фирми.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×