Connect with us

технологии / компании

Photomath со својата апликација за учење математика го привлече вниманието на технолошкиот гигант

Google презема хрватска ИТ компанија

објавено

на

Photomath е најпопуларната хрватска мобилна апликација со речиси 300 милиони преземања, а особено е успешна на американскиот пазар, што веројатно најмногу го разбуди интересот на гигант како Google.

Американскиот Google  е во процес на преземање на хрватската компанија Photomath, која развива истоимена апликација за решавање математички задачи.

Сега под капата на Google, односно чадор-компанијата Alphabet, третата по големина технолошка компанија во светот по пазарна капитализација (по Apple и Microsoft), доаѓа хрватска компанија – Photomath. Официјално, трансакцијата ќе се гледа како купување на американска компанија, бидејќи седиштето на Photomath, компанијата која ја развива истоимената апликација за решавање математички проблеми, е во САД, но основачот на компанијата, познатиот сериски стартап претприемач Дамир Сабол е од Хрватска, каде што се одвива најголемиот дел од развојот и вработува најголем број луѓе.

Како што објави Ројтерс, антимонополските регулаторни органи на Европската унија одредиле датум за донесување одлука за купување на Photomath од Google. На 28 март европскиот регулатор ќе одлучи дали Alphabet, матичната компанија на Google, може да ја преземе хрватската компанија.

Информацијата се наведува во поднесокот на Европската комисија, кој беше објавен деновиве. Во моментов се чека дали телото  на Европската унија задолжено за конкурентност на пазарот, ќе го одобри договорот по прелиминарниот преглед. Може да се случи и да отвори четиримесечна истрага доколку тврди дека има неправилности.

“Можеме да потврдиме дека склучивме договор за купување на Photomath во мај 2022 година, што е предмет на регулаторна проверка“, изјави портпаролот на Google за Ројтерс.

Најпопуларна хрватска апликација

Официјално, трансакцијата ќе се гледа како купување на американска компанија, бидејќи седиштето на Photomath, компанијата која ја развива истоимената апликација за решавање математички проблеми, е во САД, но основачот на компанијата, познатиот сериски стартап претприемач Дамир Сабол (на фотографијата) е од Хрватска, каде што се одвива најголемиот дел од развојот и вработува најголем број луѓе.

Дамир Сабол, основач и извршен директор на Photomath, ја потврди веста за преземањето ексклузивно за хрватскиот портал Лидер. Точно е дека потпишаа договор со Google за преземање на Photomath.

„Да, потпишавме договор за преземање, под услов на одобрение од регулаторните тела на Европската унија, кој е во тек и се уште не е завршен“,  накратко изјави Сабол.

Сепак, тој засега не можеше да коментира повеќе од тоа, токму затоа што договорот во моментов е предмет на одобрување од регулаторните органи.

Од Google велат  дека технологијата на Photomath ќе им помогне да им обезбедат  на своите корисници подобро искуство во учењето математика и во градењето на понудата на Google за решавање на домашните задачи за младите корисници.

Photomath е најпопуларната хрватска мобилна апликација со речиси 300 милиони преземања, а особено е успешна на американскиот пазар, што веројатно најмногу го разбуди интересот на гигант како Google. Инаку, апликацијата на Photomath користи камера на паметен телефон или научен калкулатор за да ги идентификува и објасни математичките проблеми. Компанијата оствари приход од 5,8 милиони евра во 2021 година, а досега фондовите за ризичен капитал или venture funds, Menlo Ventures, LearnCapital, Goodwater Capital, GSV Ventures и Cherubic имаат инвестирано во Photomath.

Инвестирани се вкупно 29 милиони долари, од кои последната инвестиција од 23 милиони долари под водство на Menlo Ventures е реализирана пред две години.

Самата апликација беше објавена во 2014 година од загрепската компанија Microblink, исто така во сопственост на Сабол. Од 2017 година, Photomath работи како посебна компанија.

Износот на аквизицијата сè уште не е познат, но ова би можело да биде една од најголемите аквизиции на некоја хрватска  компанија досега.

Добра вест за стартап сцената на целиот регион

Јуре Микуж, менаџер на VC фондот South Central Ventures и веројатно најискусниот инвеститор во стартапи во регионот како што пишува Лидер медиа, вели дека „ова е одлична приказна за Дамир и неговиот тим, а исто така и за целиот стартап екосистем во Хрватска“.

„Тоа покажува дека е можно да се развијат решенија на овој простор кои можат да бидат интересни за најголемите играчи во светот и за кои тие се подготвени да платат високи суми за да дојдат до нив без сопствен, органски развој. Не ги знам деталите за трансакцијата, но претпоставувам дека имаат договор и околу тоа колку тимот на Photomath отсега ќе биде вклучен во развојот на други решенија во Google“, вели Микуж.

И Жељко Периќ, искусен експерт за спојувања и аквизиции и сопственик на консултантската компанија Caper, истакнува дека Дамир Собол веќе докажал дека е исклучителен претприемач и одличен иноватор.

„ Photomath е извонреден деловен потфат, па не сум многу изненаден што се најде на радарот на компанија како Google. Хрватската стартап сцена е квалитетна и ова е само дополнителна потврда и верувам силен поттик за сите етаблирани играчи, но и оптимисти сонувачи да веруваат во себе“,  истакнува Периќ.

Фактот дека Photomath е со седиште во САД секако ја олесни оваа трансакција, како и претходните инвестициски рунди.

„Седиштето во САД решава неколку ризици кои баш и ваквите купци и не ги сакаат, па тоа секако помогна во брзината на нивната одлука. Но, мислам дека појавата на Photomath на разни конференции и други настани низ светот имаше многу поголемо влијание врз инвестицијата отколку само седиштето во САД“,  смета Микуж.

И Периќ пак вели дека седиштето во САД не било одлучувачко, но секако помогнало да се намали перцепцијата за „егзотичност“ и негативните стереотипи, што понекогаш ги одвраќа американските инвеститори да инвестираат во компании од балканскиот регион.

„Исто така, фактот што Photomath е регистрирана во САД секако, од перспектива на купувачот и неговите советници, ја олесни правната процедура и креирањето на договорна документација, која често може да биде доста напорна при прекуграничните трансакции“, вели Периќ.

„Шопингот“ на Google

Апликацијата на Photomath користи камера на паметен телефон или научен калкулатор за да ги идентификува и објасни математичките проблеми. Компанијата оствари приход од 5,8 милиони евра во 2021 година, а досега фондовите за ризичен капитал или venture funds, Menlo Ventures, LearnCapital, Goodwater Capital, GSV Ventures и Cherubic имаат инвестирано во Photomath.
Инвестирани се вкупно 29 милиони долари, од кои последната инвестиција од 23 милиони долари под водство на Menlo Ventures е реализирана пред две години.

Дека е така говори и фактот што повеќето од компаниите што во последно време ги презеде Google, односно Alphabet се со седиште во САД, а потоа следи Израел.

А на кои компании под капата на Gloogle треба да им се придружи Photomath, ако се оди добро со регулаторните одобренија?

Една од најзначајните (и понови) аквизиции што ги направи Google е купувањето на Mandiant за 5,4 милијарди долари во февруари 2022 година. Mandiant е добро позната компанија која се занимава со кибербезбедност, а со купувањето на оваа компанија, Google продолжи да ги развива своите технологии и услуги во оваа област.

Аквизиција која вреди да се спомене е купувањето на компанијата Nest за 3,2 милијарди долари во јануари 2014. Nest е компанија која се занимава со технологија за паметни домови, а Google со оваа аквизиција го прошири својот бизнис во секторот.

Третата најголема аквизиција беше купувањето на DoubleClick од Google за 3,1 милијарди долари во април 2007 година. DoubleClick беше еден од најголемите системи за онлајн рекламирање во тоа време, а со оваа аквизиција Google стана доминантен играч во областа на онлајн рекламирањето.

Google го купи и Waze во 2005 година за 1,3 милијарди долари, YouTube за 1,6 милијарди долари, Fitbit во 2007 година за 2,10 милијарди долари и Looker во 2011 година за 2,60 милијарди долари.

Од сите аквизиции, 18 беа во секторот за кибербезбедност, 13 во секторот на социјални медиуми и 12 во секторот AdTech. Google продолжува да прави аквизиции, а некои од најновите аквизиции се MobiledgeX и Raxium.

MobiledgeX, компанија која се занимава со технологиите на т.н. edge computing, беше купена во април 2022 година. Оваа аквизиција му овозможи на Google пристап до напредни технологии кои користат компјутерски ресурси на работ на мрежата, подобрувајќи ја брзината и ефикасноста во обработката на податоците.

Raxium, компанија за безбедност на податоци, беше купена во март 2022 година. Оваа аквизиција придонесе за понатамошен развој на технологиите за кибербезбедност на Google, кои ги штитат податоците на корисниците и го подобруваат квалитетот на услугите. Сите овие аквизиции покажуваат дека Google продолжува активно да инвестира во развојот на нови технологии и услуги, а во исто време го зајакнува својот бизнис.

економија14 часа ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија15 часа ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки15 часа ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија15 часа ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија2 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет3 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија5 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју6 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

интервју6 дена ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

македонија1 недела ago

Избрани најдобрите е-трговци во Македонија во повеќе категории

технологии / компании1 недела ago

Ред Бул шкртачки настан во живо со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ -патување во Амстердам и ваучери за учење дизајн за најдобрите

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју6 дена ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју6 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија6 дена ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

македонија6 дена ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Одговорност за одржливост

економија6 дена ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност