Пи Диди прв на листата ѕвезди што најмногу заработуваат
Објавено на од во lifestyle

Раперот и продуцент Шон „Пи Диди“ Комбс, ја надмина пејачката Тејлор Свифт како ѕвезда што најмногу заработува во шоу-бизнисот. Свифт на новата годишна листа на Форбс падна на 49-то место.

На второ место е Бијонсе со приходи од 105 милиони долари, а на трето писателката Џоан Роулинг (Хари Потер) со 95 милиони.

Првиот, Пи Диди, во последните 12 месеци спечалил околу 130 милиони долари, во кои влегуваат приходите од неговата музичка турнеја, од модните линии и од рекламното партнерство со бренд вотка.

Лани раперот беше на 22 место, а Свифт постави рекорд со 170 милиони долари печалба од турнејата „1989“. Без албум или турнеја пејачката имала приходи од „само“ 44 милиони долари во 2016 година.

Нови лица во овогодишната листа на 100-те ѕвезди кои најмногу заработуваат се моделот Кајли Џенер, полусестра на Ким Кардашијан, и радио и телевизискиот водител Стив Харви.

Најуспешните сто во шоу-бизнисот во 2016 година заедно заработиле 5,1 милијарда долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×