„Пикселите“ на Google формираат слика за веројатно најдобриот смартфон на пазарот
Објавено на од во hi-tech & business

Неколкунеделните нагаѓања вчера завршија со официјалното претставување на новите телефони на Google, Pixel и Pixel XL, што се комплетно коципирани и дизајнирани од експертите на гигантот од Маунтин Вју (овие телефони се први од Google што не се Nexus брендирани).

Google вчера ги потврди спецификациите за „пикселите“ што претходно „протекоа“. Процесорот е Snapdragon 821; за течна работа на оперативниот систем и на апликациите има 4GB RAM, a за 12,3 мегапикселната камера Google тврди дека е подобра од која и да е кај мобилните телефони.

Новоста што ја нoсат Pixel (со 5-инчен Quad HD дисплеј) и Pixel XL (со 5,5-инчен Quad HD) e Google Assistant, понапреден од досегашниот Google Now сервис.

Google на сите кои ќе купат „пиксел“ ќе им овозможи неограничен бесплатен простор на cloud, каде сите фотографии и видео записи ќе се чуваат во оригиналната резолуција.

Pixel и Pixel XL поддржуваат брзо полнење на батеријата, а Google соопшти дека за 7-часовна работа доволни се само 15 минути полнење.

Двата уреди се први што доаѓаат со поддршка за Daydream („сѐ во едно“ платформата на Google за виртуелна реалност) и со Android 7.1.

„Пикселите“ во најевтинатата варијанта (Pixel 32GB), чинат 649 долари, а во најскапата (Pixel XL 128GB) 869 долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×