Пиратските страници имаат приход од 111 милиони долари годишно
Објавено на од во hi-tech & business

Во извештај изработен за потребите на организацијата Trustworthy Accountability Group (TAG) се истакнува дека сопствениците на најпосетените интернет страници преку кои се дистрибуираат илегални содржини, годишно имаат приходи од 111 милиони долари од реклами.

Организацијата TAG дејствува како координатор во спроведувањето на антипиратска програма меѓу самите огласувачи, чија цел е постепено да се укине овој начин на финансирање на пиратските страници. Истражувањето нарачано од TAG го спровела Ernst & Young, и тоа на примерок од 672 различни интернет страници, за кои се сметало дека дистрибуираат илегални содржини.

Истражувањето шпекулира за приходи кои споменатите пиратски страници наводно ги загубиле поради дејствувањето на антипиратските организации, особено на TAG, и оптимистички се споменува хипотетички  износ што се движи од 102 до 177 милиони долари, што сопствениците на пиратски страници го губат на годишно ниво. Таков износ е остварлив само во сценарио во кое 100% од рекламите би дошле од таканаречениот премиум сегмент, што е тешко остварливо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×