Пицула: Ако се затресе Балканот ќе се тресе и цела Европа
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европратеникот и поранешен хрватски министер за надворешни работи, Тонино Пицула, предупредува дека мирот, стабилноста и иднината на Европа зависат од состојбата на Западен Балкан, нагласувајќи дека балканскиот регион е многу чувствителен и нестабилен и доколку се затресе, ќе се тресе и цела Европа.

Во авторски текст за „Еуропиен Вестерн Балкан“, Пицула нагласува дека не смее да се дозволи Балканот одново да стане предмет на грижа на европските политичари, потенцирајќи дека на ЕУ не ѝ се потребни нови проблеми на југоистокот на континентот.

Поранешниот шеф на хрватската дипломатија оценува дека ЕУ треба да се подготви за прием на нови членки во финансиски и институционален контекст, затоа што „мора да биде посилна, поцврста и поефикасна пред да стане поголема“.

„Во овие услови на ЕУ ѝ се потребни докази дека е способна да ги решава големите проблеми на нашиот континент во 21-от век, како што беше способна тоа да го прави и во втората половина на 20-от век. Брисел ќе мора да го поддржи сето тоа што придонесува за изградба на таква слика на ЕУ“, наведува Пицула.

Тој се осврнува и на актуелното бугарско претседавање со ЕУ нагласувајќи дека Софија сака за секоја земја од регионот на Западен Балкан да се изготви јасен план со конкретни чекори, што треба да го забрзаат приклучувањето кон ЕУ.

„Без давање лажни надежи, Бугарија се фокусира на зајакнување на регионалната соработка и добрите односи со соседите, како и на проблемите поврзани со соработката во развојот на транспортната и енергетската инфраструктура, комуникациите и образованието“, смета Пицула.

Според него, Бугарија би можела да биде „значаен посредник“ во преговорите меѓу државите од Западен Балкан и ЕУ, имајќи ја предвид нејзината посветеност на политиката на проширување и евроинтеграции.

„Софија ја нагласува поддршката на индивидуалниот пристап, што значи дека напредокот на секоја држава зависи од тоа колку ги исполнува условите за членство. Пред да станат членки на семејството на ЕУ, овие држави ќе мора да спроведат реформи, да ја намалат корупцијата и да воспостават владеење на правото“, наведува Пицула додавајќи дека придонес во тој процес може да биде зајакнувањето на соработката во транспортниот, енергетскиот и дигиталниот сектор меѓу земјите во регионот и ЕУ.

Пицула смета дека стагнацијата на Балканот создава проблеми кои влијаат на поттикнување политички конфликти во самите држави, што потоа се одразуваат и на односите меѓу земјите во регионот.

„Постојат многу групи кои не сакаат промени, посебно по прашањето на прифаќањето на европските стандарди. Тие не сакаат овие земји да станат општества со ниско ниво на корупција. Тие не сакаат овие земји да станат држави во кои победува слободата на медиумите, каде функционира правдата и каде постои јак парламентарен систем“, заклучува Пицула.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×